Екселот за СП Русија 2018

На точно 10 дена до стартот на мундијалското лудило, традиционално го објавуваме распоредот на натпреварите за кои ќе бидете укотвени пред телевизор од 14-ти јуни до 15-ти јули.

Знаеме дека сте испраксирани како оди ова, а некои беа нестрпливи па ни бараа да го објавиме уште во мај, ама за секој случај.

Вашата прелесна работа се состои од едно нешто, а тоа е да ги внесувате резултатите од натпреварите на Светското првенство во Русија, а екселот сам ќе пресмета кој каде ќе заврши на табела и кој оди понатаму.

Слободно симнете ако сакате и две копии, нема да ви ги броиме. Едната за внесување резултати, а другата за предвидување или кладење.

За да го симнете клик тука

4 јуни 2018 - 10:44