Џиџи, време е за пензија мајсторе

Во неделното матине, Јуве го пречека Сасуоло и спасуваше бод. Гостите прво израмнија во 23’ минута, па во 47’ минута поведоа 1-2 преку Капуто по две грешки на Буфон во една акција.

Враќањето на Буфон во Јувентус многумина го протолкуваа како потреба за задоволување на егото и достигнување на рекордот на Паоло Малдини. Иконата на Милан има 647 настапи во Серија А и е рекордер, но на Буфон сега му фалат уште два натпревари за да го стигне Паоло и три да го престигне.

2 декември 2019 - 11:35