Џиџи Буфон е првиот деветкратен шампион во Италија

Јувентус ја извојува седмата шампионска титула по ред откако ремизираше 0-0 со Рома во 37. коло од Серија А. За „Старата дама“ ова е 34-та титула во историјата а дури 9 од нив освоил голманот Буфон.

Џиџи стана првиот во историјата кој девет пати му се радувал на скудетото. По 8 титули имаат легендарните Вирџинио Розети (2 со Про Верчели и 6 со Јувентус), Џовани Ферари (5 со Јувентус, 2 со Интер и 1 со Болоња) и Џузепе Ферино (8 со Јувентус).

Големиот Џанлуиџи го креваше пехарот како шампион на Италија во 2001/2002, во 2002/2003, во 2011/2012, 2013/2014, 2014/2015, 2015/2016, 2016/2017, 2017/2018.

Притоа Буфон неодамна прослави неверојатен јубилеј откако по 300. пат го сочува голот на Јувентус без примен погодок. Тотално луд учинок. Притоа тренерот Масимилијано Алегри ја прослави четвртата двојна круна по ред откако е во Јувентус што е мошне редок успех за еден италијански тренер.