Џерард му преведуваше од шкотски акцент на новото засилување од Хрватска

Никола Катиќ пред три години играл во третата хрватска лига, а сега од Славен Белупо потпиша за славниот Глазгов Ренџерс за кого веќе постигна еден гол и тоа против Осијек во квалификациите за Лига Европа. Катиќ е стопер, добро зборува англиски, но тешко му оди шкотскиот акцент.

На новинарското прашање: „Стивен многу ве испофали по доаѓањето во клубот. Дали тоа ви даде самодоверба?, стоперот Катиќ се сврте кон својот тренер и побара помош: „Не го разбирам“, на што Џерард се пошегува: „Вика дека сум рекол многу убави работи за тебе. Понекогаш мораш да ги излажеш медиумите“