Џентлменска изјава на Модриќ

Го прогласија за најдобар оваа година и сигурно е свесен колку вреди, бидејќи ги собра сите награди, но она што фасцинира е што во сета таа еуфорија создадена околу него, не заборава на другите кои заслужуваат колку него. Модриќ им ја посвети Златната топка на фудбалерите кои не ја добиле, а ја заслужиле, а замислете двајца од тројцата кои ги спомна се фудбалери на најголемиот ривал Барселона, Чави и Иниеста. Каков господин.

„Мислам дека вечерва победи фудбалот. Среќен сум што јас победив, но оваа награда е за сите оние играчи кои ја заслужија оваа награда, но не ја освоија“.

4 декември 2018 - 15:52