УЕФА пресече

Два клуба со ист спонзор ќе играат во Лига на шампионите

По некои „структурални измени“ УЕФА донесе одлука околу спорното прашање за учеството на Ред Бул Салцбург и Ред Бул Лајпциг во Лигата на шампионите, места кои двете екипи со ист сопственик и спонзор ги заслужија во австриската и германската лига.

Долго време во јавноста се шпекулираше со евентуална забрана за играње во Лига на шампиони на РБ Лајпциг и Ред Бул Салцбург, но УЕФА им ја отвори вратата на ортачките клубови да може да се сретнат сезонава.

И двата тима се финансирани од Ред Бул па УЕФА детално, цел месец ги разгледала сопствените правила а двата клуба направиле сериозни промени во структурата и европската фудбалска унија дала зелено светло. РБ Лајпциг ќе игра во групната фаза а РБ Салцбург во второто квалификациско коло за ЛШ.

Откако РБ Лајпциг заврши втор во германската Бундеслига а Салцбург стана шампион на Австрија, и двата тима пратиле документација до УЕФА во која докажуваат дека не го кршеле членот 5 од правилата на Лига на шампионите кој се однесува на “интегритетот на натпреварувањето“.

Ова правило значи запирање на клубовите под „заедничка контрола“ од играње во исто натпреварување, што значи дека индивидуалец или група не може да има контрола врз два или повеќе клуба. УЕФА најпрвин сметаше дека двата клуба се премногу организациски врзани за да може да играат на ист турнир.

Адјукационата комисија при Финансиското контролно тело на УЕФА соопшти дека по „одредени важни промени во управувањето и структурата“ тие увиделе дека „ниту индивидуалец ниту легален ентитет нема одлучувачко влијание“ на двата клуба.

Тоа значи дека двата клуба, од кои едниот е најомразен од германската фудбалска јавност се примени во Лигата на шампионите. Одлуката на Спортскиот Суд на арбитража ќе биде потврдена во следните 10 дена. Во случај УЕФА да одлучеше поинаку и Лајпциг да беше суспендиран од Лигата на шампионите, тогаш автоматски во групната фаза ќе влезеше 1989 Хофенхајм чие место во баражот од квалификациите ќе го заземеше Келн.

Овие два клуба решија да не се жалат.

„Сосема сме во ред со одлуката. По нашата најдобра сезона во историјата на Бундеслига гледаме напред кон плејофот на Лига на шампиони во август“, пишува во соопштението на Хофенхајм.

Се огласија и од Келн:

„Нема да се жалиме, не е наша работа. Среќни сме што се квалификувавме во Европа за првпат после 25 години“.