Дрогба користи мобилен стар 5 години кој чини 16.000 денари

За време на гала вечерта за доделување на наградата „Златна топка“ во Париз, легендарниот фудбалер го имаше моментот на вечерта кога откри една интересна анегдота.

Покрај разните признанија, најголемо внимание предизвика најглавното: Лионел Меси по шести, рекорден пат ја освои Златната топка за најдобар играч на светот.

Во улога на домаќин на церемонијата беше Дидие Дрогба, легенда на Челси и репрезентацијата на Брег на Слонова Коска.

Тој во еден момент на сцената раскажа:

„Пред точно десет години ми пријде едно момче и побара да се слика со мене. Му ветив дека ќе се сликаме после мечот, но на крај го одбив затоа што тоа беше фамозниот натпревар против Барселона во 2009 година кога бевме покрадени од судијата. Бев толку изнервиран од судиските одлуки (го памтите ќелавиот Норвежанец Овребо) што не можев да прифатам сликање. Подоцна дознав дека тоа дете бил Килијан Мбапе и сега дојде време да му го исполнам ветувањето“, раскажа Дроба и ја замоли публиката да стане за да направи селфи со Мбапе кој стоеше крај него и водителката на сцена.

Некои интернет корисници приметиле дека Дрогба користи iPhone6, мобилен телефон кој е во продажба добри пет години и кој денес може да се најде за помалку од 16.000 денари. Последен модел на iPhone е IPhone11.

„Неверојатно е да се види еден толку успешен човек како Дрогба да користи iPhone6“, “Ова е прав пример за скромност“, “Човекот има милиони а користи мобилен телефон кој голем дел од луѓето во светото може да си го приуштат“, се дел од коментарите на друштвените мрежи.

Според некои проценки, само од плати, Дидие Дрогба во кариерата заработил над 100 милиони евра (без бонуси и рекламни кампањи).

Слично беше и на манифестацијата лани кога Лука Модриќ, најдобриот светски фудбалер за 2018-та година зборуваше на iPhone5s мобилен телефон.

3 декември 2019 - 14:33