Доказ зошто тренерот на Лидс, Биелса го викаат „Лудакот“

По 27 одиграни кола во едно од најтврдите првенства на светот, Лидс Јунајтед е прв со 16 победи, 6 нерешени и 5 порази. Тимот во кој број 10 носи нашиот Алиоски има врвен тренер со богато фудбалско минато.

Во англиските медиуми и натаму се збори за студиозниот пристап на Биелса кон противниците. На прес-конференција пред новинарите рекол дека тој со неговиот штаб ги изгледале сите 51 средба што Дерби Каунти ги одиграл минатата сезона. Секој меч им зел по 4 часа подробна анализа:

Сево ова доаѓа по случајот во кој се откри дека Биелса пратил човек да го шпионира тренингот на Дерби Каунти пред нивниот дуел минатиот викенд. 

17 јануари 2019 - 12:17