Дибала, малер ли му правеше на Видал?

Кога Артуро се залета да го шутира пеналот во 59’ минута од мечот за третото место на Копа Америка меѓу Аргентина и Чиле (2:1), Пауло Дибала од позадина му викна „Кирикочо“, термин кој во Аргентина се употребува „за да искобиш некого“.

Кирикочо наводно бил некој млад навивач на клубот Естудијантес во ’70-те години, но суеверните Аргентинци верувале дека Кирикочо му носи несреќа на тимот, па го ставале секогаш близу гостинската соблекувална да им викне: „Кирикочо“. Еднаш Бока Јуниорс не дозволила ниедно непознато лице близу нивната гардероба и на крајот славела против Естудијантес. Од тогаш во Аргентина пред некој да шутира пенал, противникот му вика „Кирикочо“: Ама еве, Видал распали со сета сила па ништо не го спречи.