Денес играат Англија - Велс, зошто не игра Велика Британија туку играат одделно?

Во вторник вечер пласман во следна рунда ќе бркаат Англија и Велс. Англичаните се први во група со 4 бода и доволно им е само да не изгубат од соседите со гол разлика поголема од 4 гола. Велшаните имаат само 1 бод и им треба и победа против Англија и реми на другиот меч меѓу Иран и САД.

Англија и Велс првпат во историјата ќе се сретнат на Светско првенство. Последен пат меѓу себе играа во 2016-та на Европско првенство. Англија славеше 2:1 но Велшаните стигнаа дури до полуфинале.

Пред решавачкиот дуел за пласман сега во 1/8 финале на Светско првенство, селекторот на „Гордиот албион“ вели дека ривалството меѓу Англија и Велс е големо. „Тоа е зошто они се наоѓаат тука, а ние таму. Тоа е така со сите земји-соседи“.

ВЕЛС НИКОГАШ НЕ БИЛ НЕЗАВИСНА ЗЕМЈА

Современото Обединето Кралство се состои од четири дела: Англија, Велс, Шкотска и Северна Ирска.

Секоја од овие земји има различен правен статус, систем на административна поделба и органи на управа. Така на пример парламентарните избори во Шкотска и Велс се организирани по поинакви системи, а Англија нема свое сопствено законодавно тело и сите извештаи се поднесуваат директно во тамошниот британски парламент.

Меѓу четирите земји Велс историски имал најмалку права од сите. Велс е единствен дел од Велика Британија кој никогаш не бил независна држава.

Пред две илјади години територијата на денешните Велс и Англија била населена со британски племиња. Тие Келти биле многу поинфериорни во однос на римската легија која дошла во Британија во 40-те години од нашата ера, но успеале да пружат силен отпор. Така што, историски гледано на територијата на денешен Велс, на Римјаните им требале речиси 40 години за да го потчинат овој дел под Римското царство.

Римјаните скоро три века граделе свое утврдување во овор регион, воспоставиле римско право и успешно копале бакар, злато и олово.

Во IV век христијанството доаѓа во Велс. Латинскиот јазик станал службен јазик и иако обичниот народ во најголем дел продолжил да го зборува заедничкиот британски јазик (претходник на велшкиот), малобројното велшко племство себе се сметало сè повеќе за жители на Римската империја, а не сонувале за независен Велс.

Римјаните заминале од Британија во V век и реигонот се распаднал на неколку независни кралства на кои им следела борба со новодојдените англо-саксонски племиња кои дошле на континентот. 

Западните земји каде Велшаните можеле да се скријат во висорамнините, се покажале потврди за освојувачите, а од VIII век локалните кралства ги повратиле своите територии кои отприлика биле еквивалентни на територијата на денешен современ Велс.

На источната граница се појавил таканаречениот Ѕид на Оф или Офин ѕид, голем земјен ѕид којшто до ден-денес ја следи границата меѓу Англија и Велс. Оваа камено-земјена граница е наречена по англо-саксонскиот крал Офа од Мерсија (аналогно со ѕидот на Адриан кој ги делел Шкотска и Англија на север).

Во тоа време Велс уште не бил целосна држава, кралствата редовно се бореле не само со Англосаксонците туку и меѓусебно за превласт. Нивната неслога ги спречила неколку века подоцна да пружат отпор во 1282. година кога војската на кралот Едвард I ја зазела цела територија на Велс.

Во XVI век кога под водство на Хенри XVIII земјата конечно се обликувала под закрила на Англија, тогаш и велшкиот закон на западните територии е заменет со англиско право. 

200 години подоцна кога целото Обединето Кралство Велика Британија и Ирска размислувало за создавање на свое соптствено знаме, само знамињата на Англија, Шкотска и Ирска се обединиле на познатиот Унион Џек.

Велскиот змеј би му додал посебна величественост, но Велс тогаш не се сметал за посебна административна единица и влегувал во состав на Англија.

Во тект на индустриската револуција во XVIII-XIX векови, Велс станал важен дел од британската економија. Локалните наоѓалишта на јаглен, олово, железна руда го направиле регионот центар на челик. Во велшките рудници на работа доаѓале и од Англија и од Ирска, а самите Велшани често мигрирале во развиениот Ливерпул.

По Втората светска војна доаѓа до пораст на локалниот идентитет ширум цела Британија, па и Велс не бил исклучок. Велшките националисти не барале независност (интересно на референдумот за автономија во 1979-та само 20% гласале „за“), но до израз дошол велшкиот јазик. Дури во 1993-та година законски се израмнети правата на велшки и англиски јазик во Велс, а денес околу третина од 3 милиони жители на оваа земја зборуваат велшки.

БРИТАНСКИТЕ РЕПРЕЗЕНТАЦИИ ГО ОСНОВАЛЕ ФУДБАЛОТ МЕЃУ РЕПРЕЗЕНТАЦИИ, А ФИФА СЕ ПЛАШЕЛА ДА ГИ ОБЕДИНИ ВО ЕДНА

Иако формално Велс станал автономен дел од Велика Британија дури во 1999-та година кога основале сопствен регионален парламент, фудбалска независност стекнале сто години претходно.

Велшка фудбалска федерација е основана во 1876-та година, скоро веднаш по создавањето на такви организации во Англија и Шкотска. Заедно со ирската ФА, четирите асоцијации станале најстари фудбалски здруженија на светот.

Токму овие британски асоцијации на крајот од XIX век почнале да го создаваат светот на фудбалот. Во 1882-ра претставници на четирите асоцијации се сретнале во Манчестер за да ги обединат фудбалските правила, а две години подоцна основале и Домашно првенство на Велика Британија, првпат во историјата како турнир на репрезентации.

За 100 години постоење (овој турнир го прекинале во 1984-та поради голем праст на националистички движења на трибините), Англија го освоила 54 пати, Велс 12. Интересно во нивната историја Англија и Велс одиграле 102 официјални и неофицијални натпревари (67 победи има Англија, 21 пат играле нерешено, а 14 триумфи имал Велс).

Со појавата на големите меѓународни турнири, британските репрезентации продолжиле да ги претставуваат секој својата земја. ФИФА била создадена во 1904-та година и во тој момент авторитетот на британските национални асоцијации бил веќе голем така што да се обединат во една не било баш возможно. Тие веднаш би ја саботирале работата на новосоздадената светска фудбалска федерација.

Во современи услови, посебен статус британските земји имаат дури и во правилата на ФИФА. Во уставот одделно е кажано: „Секоја од четирите британски асоцијации се признава како одделен член на ФИФА“.

Денес сопствена репрезентација е најважен дел од националниот идентитет на сите четири земји. Авторот на книгата „Англиски национален идентитет и фудбалска навивачка култура“, Том Гибонс напишал: „Англија имала политичка власт над другите земји во Велика Британија во текот на целата историја. Меѓународниот фудбал често беше место на отпор од Келти (ирски, шкотски и велшки - потомци на келтските јазици) на таквото угнетување“.

Ко-авторот на книгата „Фудбалономика“ Стефан Шимански смета дека обидите да се состави единствена репрезентација ќе противречи политички на тенденциите за децентрализација.

„Јас дури и би кажал дека ако ФИФА ја натера Велика Британија да формира единствена репрезентација, а не да има четири одделни селекции, Шкотите веднаш би барале независност“.

А КАКО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА ИГРА НА ОЛИМПИСКИ ИГРИ?

Во историјата имало неколку турнири на кои ВБ играла со една репрезентација. До 1972-та на Олимписки игри на секој фудбалски турнир земјата ја претставувала англиска репрезентација од аматери.

На Олимписките Игри 2012 Британија како домаќин стекнала право да има единствена репрезентација на фудбалскиот турнир. Федерациите на Шкотска, Велс и Северна Ирска веднаш изјавиле дека нема да учествуваат во создавањето на заедничка екипа но не им забраниле на своите фудбалери да играат за таа селекција.

Затоа најголема улога во создавање на таа олимписка фудбалска репрезентација на ВБ имала англиската ФА. Тогаш во составот се нашле и 5 Велшани меѓу кои и Рајан Гигс и Арон Ремзи а стигнале до четвртфинале.

Ко-авторот на книгата „Фудбалономика“ Стефан Шимански смета дека обидите да се состави единствена репрезентација ќе противречи политички на тенденциите за децентрализација.

„Јас дури и би кажал дека ако ФИФА ја натера Велика Британија да формира единствена репрезентација, а не да има четири одделни селекции, Шкотите веднаш би барале независност“.

ВО КРИКЕТ АНГЛИЈА И ВЕЛС ИГРААТ ЗАЕДНО А РАГБИТО ГИ ОБЕДИНИЛ ИРЦИТЕ

Освен во фудбал, свои национални асоцијации во рагби имаат и Велс, Англија, Шкотска кои настапуваат посебно а Северна Ирска е дел од Ирскиот рагби сојуз. Репрезентацијата е составена од рагбисти од Северна Ирска и Република Ирска (независна земја).

Во крикет е уште посложено. Ирскиот крикет сојуз исто ги обединува двете Ирски а Велс нема своја репрезентација во крикет. Во овој спорт се под закрила на обединетиот Совет по крикет на Англија и Велс.

Оди па најди му крајот...

29 ноември 2022 - 14:11