Дембеле има по 20 гола со лева и 20 со десна, вика дека е левак кој подобро шутира со десна

Барса ја совлада Севиља откако после почетниот притисок домаќинот се ослободи и во рок од 20-ина минути постигна три гола. Суарез со ножички, Видал после интересна комбинација, Дембеле од лево крило со десна во подалечниот агол, а Меси од слободен го затвори мечот.

Сајтот Squawka пресметал дека 22-годишниот Французин Осман Дембеле за 4 сезони професионален фудбал постигнал 20 голови со лева и точно 20 со десна нога.

Дембеле најчесто ја контролира топката со десна нога, а од 5 последни гола, само еден дал со лева, иако тој самиот во едно многу смешно интервју кажа дека е левучар.

- Ти си левак или деснак?
„Хмм... Левак“.
- Сигурен си? Затоа што даваш голови и со десна.
„Да, но јас сум левучар“.
- Ама пеналите ги шутираш со десна нога.
„Со десна подобро шутирам“.

Ова неодоливо потсеќа на легендарната филмска реплика:

ЛЕВАТА МУ Е ЗА ДРИБЛИНГ, ДЕСНАТА ЗА ШУТ

Дембеле подоцна раскажал како владее еднакво добро и со двете нозе: „Се трудам да ги користам и двете нозе: ја водам топката со лева, а шутирам со десна“.

Ваквата уникатна игра ги полудува одбранбените фудбалери. За ова зборувал и фудбалерот на Херта, Максимилијан Мителштад:

„Он е најтежок противник. Добро памтам кога играв против него против француската млада репрезентација и кога беше во Борусија, дека против Дембеле многу е тешко да се браниш. Тој притоа е многу брз, а користењето еднакво на двете нозе го прават непредвидлив“.

Дембеле нема слаб дриблинг, но сезонава цифрите не се на негова страна, пред се поради фактот што пропушти пар натпревари. Во Барселона тој е петти по успешност на дриблинг, иако на мечот со Севиља три пати издрибла противнички фудбалери. Уште е далеку до космичкиот Меси кој има 10 успешни дриблинзи.

Осман треба да внимава на својот карактер, затоа што доби црвен картон во 88’ минута за бурната реакција што неговиот соиграч Роналд Араухо доби црвен картон.

8 октомври 2019 - 10:43