Циркузантска изјава на Гатузо за новото засилување од Џенова

Добро што Џенаро Гатузо после играчката се фати за тренерска кариера, инаку немаше да биде толку интересно без него. Како велат „што на ум тоа на друм“.

Секоја наша вест за Гатузо е поврзана со некоја смешка и кај овој човек нема досадни изјави и прес конференции. Кога ќе одлепи нешто не можеш да го залепиш, тешка будалетинка е.

По 19-те гола на 21 меч во Куп и Серија А, навивачите на Милан имаат големи очекувања од замената на Игуаин, Кшиштов Пјонтек на кој Росонерите му дадоа доверба до 2023-та година, а на Џенова и фукнаа кеш од 35 милиони евра.

И сега пазете го Гатузо што кажа на прес пред мечот Милан – Наполи, закажан за сабота од 20:30 часот.

„Пјонтек ми личи на Робокап. Цело време вели само: Сакам да дадам гол, сакам да дадам гол, сакам да дадам гол“.

Потоа Рино продолжи малку посериозно.

„Физички е јак и сака многу да оди длабоко во напад. Дојде со голем ентузијазам и мислам дека може многу да ни помогне“, рече Гатузо кој потроши и некој збор за Игуаин.

„Гонзало е веќе минато, го направи својот избор и тоа е тоа, одиме напред. Остави многу позитивни работи, можеше да стори повеќе, а и ние можеби можевме да го ставаме повеќе за да се искаже најдобро“.

Навивачите му се придружија

25 јануари 2019 - 15:50