Чудна и морбидна гласовна порака на Сала

Од авионот на фудбалерот на Нант кој тргна за Кардиф нема ни трага ни глас. Но затоа се појави гласовна порака од неговиот телефон кој не знае човек како да ја протолкува.

28 годишниот Аргентинец вели дека се наоѓа во авион во кој изгледа дека ќе се распадне, а на крај завршува со порака до татко му на кој му се обраќа дека е исплашен.

Во позадина се слуша бучава како навистина да е во авион, но Сала по гласот не личи дека е уплашен, туку делува смирен и искулиран и како да му се спие. Чудно.

Дејли мејл пишува дека ова е WhatsApp порака која им ја испратил на колегите и од шпански ја превевеле на англиски.

Ние ви ја преведуваме на нашки, ама секако морате да ја чуете.

„Здраво браќа, како сте лудаци? Брат, јас сум многу уморен. Бев во Нант и правев работи, работи, и работи и никогаш не престанував, не престанував, не престанував. Сега сум во авион, кој изгледа ќе се распадне и ќе одам за Кардиф. Малку е лудо што утре попладне почнувам попладне со тренинзи со мојот нов тим. Ќе видиме што ќе се случи. Како сте вие браќа, сè е во ред? Ако за час и половина нема вести за мене, не знам дали ќе треба да пратат некој да ме бара. Тато, уплашен сум“

23 јануари 2019 - 09:25