Чиста 5-ка за учениците од V-1 од „Никола Вапцаров“

Со оглед на тоа што македонските љубители на фудбалот тотално потфрлија во давањето поддршка на Македонија во овој циклус кој може да им донесе историја на нашите фудбалери, највисоката оценка за тоа оди кај ученици од Струмица.

По слабата посетеност против Лихтенштајн и Ерменија, македонската публика синоќа се покажа во најбедно издание и реши газот да го смести дома во удобната фотелја. На стадион имаше едвај 2.000 публика.

Не дека отпорот на Гибралтар кој може да и го пружи на Македонија е предизвик за гледање, ама на стадион не се оди за противникот без разлика кој е, туку за својата земја која заслужи да добие многу поголема поддршка во оваа Лига на Нации, измислена за селекции од наш ранг.

Без разлика што бевме речиси пласирани во плејофот, а на терен знаеа дека ќе го нема нивниот миленик, петтоодделенци од Струмица синоќа им направија изненадување на нашите репрезентативци, какво што ретко гледаме.

Децата од основното училите „Никола Вапцаров“ направија албум со сликички од сите играчи како еден вид поддршка пред дуелот со Гираблтар.

Младите струмичани на македонските репрезентативци им посветија и песна на струмички дијалект и имаа можност да се дружат со нив во хотелот каде што беа сместени.

20 ноември 2018 - 09:30