Рудневс, држи го јазикот за себе

Еден од најдобрите фудбалери на Бундеслигашот Хамбург, Летонецот Арјомс Рудневс завршил во болница, откако по една расправија жена му му го гризнала јазикот по што ќе пропушти неколку меча.

Спортистите секогаш треба да бидат внимателни, затоа што повредите често се кријат зад аголот. За време на минатата сезона во Серија А, Антонио Кандрева се повреди при прослава на еден ефектен гол против Палермо. Се залета кон северната трибина да прослави, се лизна и удри со колено во подвижните реклами. Веднаш го заменија, а во следното коло против Сасуоло одигра 20-ина минути.
 
Уште полошо помина Бразилецот Емерсон, кој требаше да биде капитен на Селекао на СП 2002, но се повредил на тренинг додека глумел голман и го пропушти цело светско. Работи што се случуваат? Не баш. Емерсон се повредил додека изигрувал голман, а Бразил го освои Мундијалот и без него. 

Тоа што му се случило на Летонецот Арјтомс Рудневс минатиот вторник е незабележано во спортската историја. Напаѓачот на Хамбург вчера ја пропуштил пријателската против третолигашот Оснабрик, затоа што во една расправија сопругата Санта му го гризнала јазикот, пишува Билд.

Центарфорот во крв бил пренесен во болница каде се обидел да го сокрие идентитетот, но веста веќе стигнала до новинарите. Полицијата ја уапсила жена му, а Рудневс не сакал да изјави ништо за причините за кавгата. Го држел јазикот врзан за себе.
4 септември 2015 - 12:10