Цел тим на Болоња му пееше под прозор на Михајловиќ

Колку што Синиша Михајловиќ и болен се дава за своите играчи, толку и тие се даваат за него. Направија херојски пресврт после еден негов телефонски повик на полувреме, а потоа му се исправија пред болница. Какви сцени се ова.

Бреша имаше комотни 3:1 на полувреме против Болоња, но што се случило потоа? Михајловиќ му се јавил на стручниот штаб на полувреме за да ги искара и мотивира да тргнат со поинаков пристап.

Момците потоа изгинале на терен и во 80-та минута стигнаа до фантастичен пресврт од 3:4.

„Во прво полувреме не игравме како што треба, но во второ успеавме да ја поставиме нашата игра како што сакавме. Михајловиќ се јави кај неговите помошници за да го пренесе својот беs и да ја крене атмосферата и тоа не вознемири, но и не подигна“.

„Михајловиќ за нас е важен, ни пренесува друг менталитет. Многу ни недостигна што не е со нас на клупа. Одлично ни оди за сега. Посакувавме 9 бода по првите три кола, но стигнавме до 7. Сега ќе се соочиме и со Рома“, изјави Родриго Паласио, кој беше еден од стрелците.

И сега погледнете ги овие фантастични сцени. Се испаркираа на улица со клупскиот автобус и му дојдоа под прозор во болница за да му пејат. Михајловиќ им вели: Не ве очекував. Потоа ги прашува како сте, дали е се во ред? Браво, браво, навистина сум задоволен.

Мораше да падне и некоја шега. 

„Од среда ќе се видиме да разговараме, бидејќи не е дека одигравте голем натпревар“.

На што момците се разбира се изнасмеаа

16 септември 2019 - 10:09