Трансферите на Ајакс колку пола на Роналдо

Избраниците на Ерик тен Хаг му го земаа скалпот на Реал Мадрид кој три сезони по ред е шампион на Европа. Ќе успеат ли овие млади и голем дел непознати деца на европската сцена да срушат уште еден моќен и богат клуб.

Четвртфиналето меѓу Ајакс и Јувентус е класичен пример за натпревар на кој ќе се сретнат младост против искуство. Ајакс има состав со играчи кои во просек имаат 24,3 години, а во Јуве просекот е 28,7.

Плус Старата Дама има искусено тазе две финалиња во 2015-та и 2017-ма и е клубот со најмногу загубени финалиња во историјата на ова натпреварување.

Сè освен пехар за нив сезонава е неуспех. Впрочем Кристијано Роналдо не го купија за против СПАЛ, туку за да им помогне да го освојат пехарот кој тој го има кренато в раце пет пати, а Јуве само два пати (1985 и 1996).

Ќе пресудат ли овие разлики на првите 11 играчи на Ајакс и Јуве?

Трансферите на протимците на Ајакс: €54.550.001

Трансферите на протимците на Јувентус: €306.700.000

Разлика: €252.149.999

10 април 2019 - 12:06