Царски потег на Фабио Кваљарела

36 годишната гол машина на Сампдорија освен што се вклучува на терен и гази во италијанско на стари години (за напаѓач), освојува срца и на навивачи оддалечени илјадници километри од него.

На менито на ветеранот дојде на ред и градскиот ривал Џенова која ја совладаа со 2:0. Стрелец на мечот беше и Кваљарела и сега повторно ја води листата на стрелци во Серија А со 22 гола. Пјонтек има 21, Ѕапата 20, а Роналдо 19.

Фабио не само што импресионира на терен, туку него го бива за гестови кои не ги прави секој фудбалер. Му испрати писмо на навивач на Сампдорија и тоа во Нигерија, а за него се верува дека е единствениот навивач од оваа земја на италијанскиот прволигаш.

Во писмото освен убав текст, му испратил и слика со автограми од играчите на Самп.

„Човекот кој ги води социјалните мрежи на нашиот клуб ни кажа за тебе и сега го имаш Твитер како помош за да стигнеш до твојата цел. Одлично завршена работа. Тимската работа е важна во животот, како и во фудбалот и јас се надевам дека ќе успееш тоа што сакаш да го постигнеш, како што успеав јас во кариерата.

Ја избрав оваа фотографија за тебе како славам со Градинара Суд после еден од головите за време на мојата серија од 13 меча по ред. Мојот автограм е оној од десно со бројот 27. Другите се на колегите.

Задржи ја поддршката што ја имаш за Сампдорија. Ниту една разделеченост не е далеку за да те сопре да бидеш зад твојот тим. Се надевам дека ќе бидеш горд на нас на крајот на сезоната“.

Се најдобро.
Твојот капитен.

15 април 2019 - 15:45