Боксерот кој нокаутираше судија ќе заигра пак фудбал кога ќе почне Мундијалот во Катар

Германија минатиот месец беше згрозена и се чудеше на насилничкиот потег на еден играч кој направи потег, типичен како за селски фудбал каде судиите се најнезаштитени. И така и беше, бидејќи немаше ни лекар во близина.

Неодамна објавивме видео снимено со мобилен зад ограда на кое се гледа како фудбалер му удира бокс во глава на судија кој како покосен падна на земја.

Се работи за натпревар од 11-ра германска лига, но тоа не е Македонија да мине со она „абе никој не виде“, туку стигна казната.

Фудбалерот е казнет со максимална суспензија од 3 години, а настрада и неговиот клуб кој нема да може да се натпреварува шест месеци и ќе мора да плати казна од 500 евра.

„Такво нешто не припаѓа на спортските терени и трите години се целосно оправдани. Тоа беше највисока можна казна“, изјавија од фудбалската асоцијација под чија капа е тој аматерски ранг.

22 годишниот судија падна во несвест од ударот и беше пренесен во болница со хеликоптер, а на почетокот од овој месец судии од Берлин и Келн протестираа против насилството на натпреварите на локално ниво.

Тука го имате боксот.

22 ноември 2019 - 11:02