Бобо Виери е цар над царевите

На прошталниот натпревар на Андреа Пирло, шоуто го украде легендарниот италијански напаѓач кој ја изнасмеа и публиката и коментаторите. Ама шоуто на Виери немаше да успее без докторот за асистенции? Кој? Епа Пирло.

При резултат 3:1 за сините, слободен удар од страната на белите застана да изведува Андреа Пирло. И додека цел Сан Сиро очекуваше специјалистот за слободни удари да ја искине мрежата, тој ги изненади сите и го проигра Бобо Виери.

Легендата од Серија А ја збрца во гол и направи шоу, радувајќи се како на млади години. Циркуз.

И не е само тоа. Забавата на Бобо почна уште пред стартот на мечот во подтрибинскиот простор. Откако забележа дека меѓу легендите на Интер неговото име го нема, му дојде во глава една генијална идеја.

Велат дека Роналдо му помогнал

22 мај 2018 - 09:42