Бешикташ сними реклама од хаштаг - ја гледале 9 милиони луѓе

Турските навивачи важат за едни од најфанатичните на свет. Не се случило нов играч или тренер да дојде во нивен клуб а да не го пречекаат еуфорично уште на аеродром. На Диего Коста му оставиле милион коментари на Фејсбук.

Во средината на јануари турскиот фудбалски клуб Бешикташ промовираше рекламна кампања под наслов #ComeToBesiktas. Ова не е само обичен спот за YouTube, туку еден културолошки приказ за турската литература и социјално-демографска состојба.

Станува збори за обид за самоидентификација на клубот - во една минута покажано е позиционирањето на Бешикташ како меѓународен бренд за кого азискиот и европскиот дел на Истанбул е еден ист аудиториум.

Видеото набрзо станало „вирусно“: На YouTube го виделе 4,2 милиони луѓе, на Твитер има 3,56 прегледи, на Фејсбук - 953.000! Вкупниот број гледачи надмина 8,7 милиони луѓе. За впечатливиот спот, Sport Connect комуницирал со директорот на Бешикташ по маркетинг, Умут Кутлу:

„Фразата Come To Besiktas се роди од хаштагот кој во време на преодниот рок го смислија нашите навивачи. Кога медиумите ги проширија гласините за можниот трансфер на Диего Коста кај нас, навивачите на неговиот Инстаграм му напишале повеќе од милион коментари со тој хаштаг (постигнат е апсолутен рекорд на Инстаграм по бројот на коментари под една фотографија).

А нам во тој преоден рок трансфер цел ни беше Пепе. И кога навивачите дознаа и за тоа, почнаа да му пишуваат #ComeToBesiktas и на Португалецот. За 1 или 2 дена тие повторно напишаа речиси милион коментари со овој хаштаг. Го користевме во разни видеа и тој сам по себе стана слоган.

Наша цел е Бешикташ да го направиме еден од најпознатите спортски брендови, како во Европа и Азија, во муслиманските земји, веројатно така во скоро време и во САД. Ние сме првиот спортски клуб во Турција со 115-годишна историја, ние имаме 20 милиони поддржувачи во различни земји и уверени сме дека треба да станеме глобален бренд.

Имаме навивачи во Централна Европа, во последните години се појавија многу фанови во Кина, Индонезија, Малезија и на Блискиот Исток. Некоја ориентирна проценка е дека во Турција имаме 10 милиони навивачи.“

Летото под хаштагот #ComeToBesiktas имало повеќе од милијарда интеракции (коментари, лајкови, шерови). Така популарната фраза Бешикташ ја искористил за меѓународна маркетинг кампања и направил стратегија.

Снимањето траело 20-25 дена зошто многу време отишло на пост-продукција. Во видеото има многу разни локации, ликови, костими, кадри, така што да се организира целиот процес не било едноставно. Им помогнала турската маркетинг агенција Muhabbet.

„Ние се позициониравме себе не само како спортски бренд, туку и како лајфстајл бренд за сите генерации независно од нивната вероисповед, јазик или раса. Затоа и посветивме внимание на персиската култура. Идејата водилка ни беа мудростите на големиот персиски поет и суфиски учител Мевлан Руми. Неговото филозофско учење е познато во целиот свет“.