Бенфика користела бајач за да ја освои титулата

Навредите меѓу омразените ривали Порто и Бенфика се толку приземјени што едните со докази ги обвинија другите дека поткупувале судии и дека користеле услуги на бајач/гатач за да освојат титула.

Директорот за комуникации во Порто, (значи не која било будала), Франциско Ж. Маркеш за португалскиот Observador изјави дека ја поседува конверзацијата од имејл размената меѓу претседателот на Бенфика Луис Филипе Виеира и извесен Др. Армандо Нага, наводно бајач од Гвинеја-Бисао.

Според Маркеш, во пораките се гледа содржина според која бајачот Нага требал да ги саботира противниците на патот на Бенфика кон четвртата титула по ред во Примеира лига. За неговите услуги, клубот од „Луж“ на Др. Нага од Гвинеја-Бисао му платил преку 136.000 евра.

Претседателот на Бенфика, Луис Филипе Виера

Според директорот на Порто Маркез, Бенфика минатата сезона го контактирала бајачот и за двомечот од Лигата на шампионите против Дортмунд кој го загубија со 4-0.

Наводно за услуги за победа во Купот, Лига Купот и Супер Купот на Португалија, Нага земал 5.000 евра, за титула во првенството 100.000 евра, за победа во групната фаза од ЛШ 10.000 евра а 30.000 за победа во нокаут фазата на ЛШ.

„Никој во Португалија не верува во баење и гатање така што ако оваа приказна е вистинита, тоа се само скриени кодови за нешто посериозно“, вели експертот за португалски фудбал Јан Хаген.

Франциско Маркез, директор за комуникации во Порто

Маркез изјавил и дека Бенфика сезона претходно, во 2015/2016 потрошила 75.000 евра за услугите на овој надрилекар. Претседателот на Бенфика Луис Филипе Виера наводно му кажал на Нага дека не знае ништо за договор со него, но дека е отворен за средба во клубот.

„На 13. февруари Нага му пратил мејл на Виера и го прашал дали сака договорот да се потпише пред натпреварите со Борусија Дортмунд во Лигата на шампионит“, раскажал директорот на Порто Маркез во телевизиска емисија.

Тој приложувал и докази за наводна корупција од страна на Бенфика која што преку имејл комуницирала и со поранешниот претседател на Португалската лига, Карлос Деус Переира.

Бенфика доминира во португалската Примеира со 4 титули по ред

„Денес можам да кажам дека ова сме во пресрет на најголемиот скандал во Португалскиот фудбал“, заклучил Маркез.

Првиот човек на Бенфика категорично ги одбил наодите од Порто за кои смета дека се будалаштини и дека титулите апсолутно ги заслужиле на терен.