Балотели како Тоти - даде гол и правеше селфи на терен

Олимпик Марсеј ја заживеа кариерата на Марио Балотели, а Италијанецот го врати клубот на победнички патеки: 4 гола на 6 меча откако дојде од Ница. Синоќа постигна преубав гол против Сент Етјен а го прослави уште пофраерски.

Балотели зема мобилен од еден фоторепортер зад голот и тргна да прави селфи со соиграчите. На крај се испостави дека снимил стори:

Оваа прослава прв ја патентираше легендарниот Франческо Тоти по еден гол во дербито против Лацио

Марсеј славеше со 2-0 и сега има 44 бода на 4. место во Лига 1. На врвот е недостижниот ПСЖ кој на Марсеј му бега цели 27 бода.

4 март 2019 - 08:51