Атлетико веќе не е клуб на пролетаријатот, за 2 години потрошиле 562 милиони на трансфери

Нема веќе блискост со работничката класа, барем не преку трансфер политиката и големите трошења за брзи напаѓачи кои едно време бегаа од Атлетико кој игра деструктивен фудал со Симеоне.

Кога на почетокот на 2000-те испаднал од Примера во втора лига, Атлетико го изучувал маркетингот и пуштил моќна кампања под наслов „Година во пеколот“. Во едно од рекламните видеа, дете го прашува својот татко: „Тато, зошто ние навиваме за Атлетико?“ Таткото само спушта глава и нема одговор.

Кампањата била должна да ја промовира филозофијата на Атлетико и да формира клупски идентитет. Тогаш првпат се зборувало и го преобразиле во плус постоењето на втор голем клуб во Мадрид.

Во ситуација кога зад Атлетико не стоела значајна георафска или културна заедница, немало провинција, автономија или област, Атлетико постојано бил безнадежно втор клуб. Немале извор од каде би црпеле навивачка база.

За Атлетико навивале тие кои не сакале да навиваат за богатите „галактикоси“ или оние кои барале некаков предизвик во самиот факт дека навиваат за некого (За тоа Фернандо Торес еднаш рекол: „Во Мадрид можеш да одиш по полесен пат и да навиваш за Реал, или да тргнеш по потежок пат и да си за Атлетико“).

Тука се појавува и оној феномен на вечен пркос, борба токму кога е најтешко - најмногу да се сака клубот. Во сезоната кога играле во Сегунда, Атлетико смислил слоган: „Никогаш не ја губи вербата“ и во првата година продажбата на сезонски билети пораснала за 50%.

Денес Атлетико повторно оди со слична кампања „од татко на син“ и продава многу влезници, но откако даде 126 милиони евра за 19-годишниот Португалец Жоао Феликс, клубот веќе не е така близок со пролетарскиот идентитет. 

(претходно дадоа 70 милиони евра за Тома Лемар од Монако, 66 милиони евра за Диего Коста од Челси, 56 милиони евра за Мората од Челси, 54 милиони евра за Гризман од Сосиедад).

А најголеми продажби на Атлетико се: Гризман во Барса за 120 милиони евра, Лука Ернандез во Баерн Минхен за 80 милиони евра, Родри во Манчестер Сити за 70 милиони евра, Радамел Фалкао во Монако за 43 милиони евра и Џексон Мартинез во кинески Гвангжу Евергранд за 42 милиони евра. Се зборува дека набрзо и Кореа ќе замине во Милан за околу 50 милиони евра.

Летниов преоден рок 2019/2020 со 237 милиони евра потрошени е рекорден во историјата на Атлетико, но исто така и по заработени пари.

АТЛЕТИКО ВЕЌЕ НЕ ОДИ СО СВОЈАТА СТАРА ФИЛОЗОФИЈА, СЕ ПРЕОБРАЗИ ВО СУПЕРКЛУБ

Првата концептуална криза им се јавила во 2010-те години, кога Атлетико освоил четири еврокупа за три сезони. Директорот на маркетинг агенцијата Senora Rushmore која со години работи за Атлетико, Адриан Медиавиља, раскажал дека победничката серија во целост ги изместила маркетолозите.

„Ни се појави проблем: како да објасниме дека аутсајдер се преобрази во машина за победи. Стратегијата беше појасна отколку што мислевме: дури и победите не можеа да ја сменат верноста на навивачите на Атлетико.

Кога веќе сфатиле дека мора да одат во чекор со времето, полека ја менувале филозофијата на традиционален клуб и како резултат на тоа се отвориле фан клубови во 26 земји во светот. 

Трансферот на Жоао Феликс, кој се најде во топ 5 најскапи трансфери на сите времиња, јасно укажа на промените во Атлетико. Клубот веќе неколку година претпочира напаѓачки играчи и не штеди пари за нив. Просечно потрошените пари за трансфери во последните осум години им пораснале за три пати - од 10,7 до 34,8 милиони евра.

Почнувајќи од летото 2017, „Јорганџиите“ купуваат само големи играчи, па така со трансферот на Мората стигнале до 562 милиони евра потрошени на трансфери. 

Во годишниот извештај Global Sports Salaries кој ги опфаќа сите светски клубови, Атлетико за само една сезона се искачил од 52 на 17-то место. Просечната плата во клубот е 7,2 милиони евра, така што „пролетерскиот“ Атлетико дојде во рангот на „нафтените“ ПСЖ и Манчестер Сити.

ОД АТЛЕТИКО БЕГААТ СИТЕ НАПАЃАЧИ - НЕ ИМ СЕ ДОПАЃА ИГРАЧКИОТ СТИЛ

Што знаеме за Жоао Феликс? Дека е техничар, брз, спретен и нестандарден фудбалер. Дека дава голови благодарение на импровизација, а не сила и моќ. Жоао досега играше во физички не баш многу захтевната португалска лига, во екипа која е класа за разлика од другите и нема потреба од шпиц кој ќе работи на одбраната.

Што знаеме за Диего Симеоне? Има два клучни елементи за неговиот стил - hombres и huevos, мажи и јајца. Во клупскиот автобус и на стадионот им пушта музика од AC/DC и ги остри со песната Thunderstruck.

Екипите на Симеоне трчаат повеќе одошто играат фудбал, а стилот е подреден на макотрпно суво трчање и железна одбрана.

Затоа поранешното крило на Атлетико, Симао вели дека го чудел изборот на Симеоне - Жоао Феликс: „Не мислам дека ќе му одговара на стилот на игра. Гризман многу силно работеше во одбрана, така што не секогаш имаше сила за во напад. Менталитетот на Симеоне е одбрана, одбрана, одбрана па дури после напад.

Екипите на Симеоне трчаат повеќе одошто играат фудбал, а стилот е подреден на макотрпно суво трчање и железна одбрана.

Затоа поранешното крило на Атлетико, Симао вели дека го чудел изборот на Симеоне - Жоао Феликс: „Не мислам дека ќе му одговара на стилот на игра. Гризман многу силно работеше во одбрана, така што не секогаш имаше сила за во напад. Менталитетот на Симеоне е одбрана, одбрана, одбрана па дури после напад.

Во последните пет години колку што е во клубот, Симеоне во Атлетико донел дваесетина напаѓачи кои се по природа брзи. Тие треба да го направат побезболен преминот од 4-2-2 во нови формации со две крила. Поради ова многу центарфори заминале од клубот.

Една од поголемите провали беше Џексон Мартинез, Колумбиецот кој ги чинеше огромни 37 милиони евра и кој дојде од Порто во статус најдобар супербомбардер. Но во Атлетико даде само 3 гола во сите натпреварувања.

Симеоне подоцна призна дека Џексон бил негова лоша проценка и дека не можел да го покаже максимумот.

Меѓу оние кои дојдоа во Атлетико и не се снајдоа во системот на Симеоне, во кој се работи многу во одбраната се: Раул Хименез, Анхел Кореа, Џексон Мартинез, Алесио Черчи, Сантос Боре, Лусиано Вието, Желсон Мартинш, Никола Калиниќ, Кевин Гамеиро, Нико Гаитан, Диого Жота, Витоло.

Трансферите на Атлетико како да го одвојуваат клубот од традиционалниот идентитет и од воено-моралната филозофија на Симеоне. Набрзо би можел да дојде и Кристијан Ериксен од Тотенхем, кој исто важи за исклучително офанзивен фудбалер без многу сенс за одбрана. Ќе видиме како ќе ги склопи коцките Чоло Симеоне.