Апсолутна власт

Ако некој и натаму сомневаше чиј клупски фудбал е најдобар на светот, од синоќа веќе нема дилеми. На Пиринејскиот полустров се игра најдобриот и најуспешниот фудбал.

Атлетико Мадрид го згроми Марсеј со 3-0 и по трет пат во последните девет години ја освои Лига Европа. Повеќе радости во ова натпреварување има само Севиља од Андалузија - 5.

Диего Симеоне му се израдува на шестиот трофеј со Атлетико Мадрид и се израмни со Луис Арагонес, легендарниот тренер на кого Frente Atletico секогаш му го скандира името. Сега Чоло и Луис Арагонес се двајцата најтрофејни тренери во историјата на Атлетико.

Не случајно Антоан Гризман неодамна го спореди Симеоне со сер Алекс Фергусон: „Тоа што Чоло го прави за клубот е просто неверојатно, историско достигнување. Мене многу ме потсеќа на Фергусон и тоа што тој го правеше со Манчестер Јунајтед.

Основата на успехот на Атлетико Мадрид е строгата одбрана. Финале на Лига Европа стана дури 200. натпревар без примен гол на Атлетико со Симеоне на клупата (од 377 меча вкупно). Двеста „суви натпревари“ или 53% од сите натпревари со Аргентинецот! Од нив на 92 бранел Јан Облак (од вкупно 160 негови настапи).

Антоан Гризман ја најдобрата сезона во еврокуповите - 8 гола од кои 2 во финале.

Круна на се е главната статистика која вели дека клубовите од примера не изгубиле финале на еврокуп против странски противник цели 17 години! Уште од 2001 година, а до денес имаат 13 победи и 0 порази.

Шпанските клубови ги освоија 8 од последните 9 пехари во Лига на шампиони и Лига Европа:

Лига Европа - 2014
Лига на шампиони - 2014
Суперкуп на Европа - 2014
Светско клупско првенство - 2014
Лига Европа - 2015
Лига на шампиони - 2015
Суперкуп на Европа - 2015
Светско клупско првенство - 2015
Лига Европа - 2016
Лига на шампиони - 2016
Суперкуп на Европа - 2016
Светско клупско првенство - 2016
Лига Европа - 2017 (тогаш освои англиски клуб)
Лига на шампиони - 2017
Суперкуп на Европа - 2017
Светско клупско првенство - 2017
Лига Европа - 2018