Англиски репрезентативец оди на Светско за да ја победи депресијата

Еден од најдобрите леви бекови во Премиер лигата по заминувањето на Герет Бејл од таму, е неговиот наследник во Тотенхем Дени Роуз. Но и бескомпромисниот борец е ранлив како и секое живо суштество па пред јавноста кажал за маките кои ги имал.

На една недела пред почетокот на најголемиот спортски настан во светот, репрезентацијата на Англија се спремаше на пријателски меч против Костарика.

Пред дуелот, селекторот Гарет Саутгејт ги изненадил сите новинари со една одлука каква што никогаш не донел ниту еден селектор - сите играчи се должни да разговараат со новинарите.

Дени Роуз совесно ја исполнил задачата и се отворил пред новинарите. Им раскажал за депресијата која го мачела пола година. 

***

Мората му започнала во 2017 година.

На 31 јануари лани на мечот против Сандерленд фантастичниот лев бек ги скинал предните вкрстени лигаменти. Докторите на Тотенхем решиле да го заздравуваат без операција. Оваа повреда важи за најтешка меѓу спортистите и има неколку начини да се третира.

Лекарите му вбризгувале кортизон и плазма богата со тромбоцити. Примил толку многу инјекции што веќе не ни броел колку се. На крајот се испоставило дека докторите погрешиле - во мај коленото на Дени морало да се оперира.

Три месеци биле проарчени залудно и на фудбалерот на Тотенхем му прогнозирале враќање дури во октомври годинава.

Најдобрата сезона во кариерата (во април професионалниот сојуз на фудбалери на Англија го избрале во тимот на годината) завршила тажно. Дани жално набљудувал како без него Хотспур игра одлична сезона и го чува второто место во Премиер лигата.

Роуз, како и речиси секој спортист кој се соочил со ваква тешка повреда, многу болно ја преживеал незгодата - го фатиле апатија и униние (депресија).

„Многу лесно станав раздразлив. Не сакав да се занимавам со фудбал, не сакав да слушам за опоравување. Кога се враќав дома, другарите ме прашуваа како може да ми помогнат но не сакав никого да гледам на улица. Сакав само да дојдам дома и да легнам во кревет“, раскажа Дени отворено на прес кофнференција пред мечот со Костарика.

Клиничкиот психолог Еми Изицки која што пишува за The Guardian потврдила дека нема спортист кој не паднал во депресија после ваква повреда.

„Има неколку ситуации кога човекот станува многу ранлив. Повредата е најтежок период дури и за најсилниот спортист. Во такви ситуации тој губи повратна врска со клубот и навивачите, се сомнева дека веќе никогаш нема да биде ист спортист“.

Роуз се почуствувал изморен од Тотенхем и сметал дека му е потребно да ја смени средината. Бил лут на лекарите поради нивната лоша проценка која му уништила осум месеци од кариерата. Сакал да замине од таму но прашањето било - каде?

Се обратил во Фудбалската федерација на Англија чијшто физиотерапевт во репрезентацијата Стив Кемп му започнал процес на рехабилитација. Роуз брзо се почуствувал добро. Рекол дека зад него е најтешката етапа од животот но не знаел дека кошмарот само што почнал:

„Никој не знае дека чичко ми се самоуби со бесење во време на мојата рехабилитација. Тоа беше многу тешко. Во меѓувреме други неволји. Во август мајка ми Анџела доживеа расна дискриминација во Донкастер. Таа беше многу натажена и растроена поради тоа а по извесно време еден вооружен напаѓач пукаше во брат ми во нашиот семеен дом“, раскажал левиот бек на Англија Дени Роуз.

Собраниот стрес нашол „издувен канал“ - Роуз дал едно скандалозно интервју за The Sun во кое зборувал за својата плата (должни ми се), за последните трансфери на Тотенхем (сакам да видам играчи чии имиња не морам да ги гуглам) и кажал дека размислува да смени клуб.

Никој не знаел за емотивната криза низ која проаѓал и неговите лични проблеми па го нападнале од сите страни. Поранешниот сопственик на Тотенхем Алан Шугар побарал да го избркаат од екипата, а новинарот на Squawka Грег Стебарт го нарекол Роуз идиот.

Реагирал и Тотенхем кој го казнил со двонеделна плата.

Дани го критикувале на секој агол за нападите на адреса на клубот, но малку кој забележал во интервјуто дека Роуз на едно место се жалел и за носталгија по дома - тој излегол од домот во Донкастер на 10 години и многу му недостигале родителите и помалиот брат.

По интервјуто следувале шпекулации за премин во Манчестер Јунајтед но Роуз останал во Тотенхем. Депресивен и лут на целиот свет.

***

Во октомври лани, осум месеци после повредата, Роуз им се вратил на тренинзите. Но не му станало лесно - му се јавиле нови проблеми.

Неговото место го добил се подобриот Бен Девис па најдобриот лев бек од минатата сезона седнал на клупата за резерви. Откако останал на клупа и на големото градско дерби со Арсенал, не издржал: „Бесен сум поради тоа што не влегов на терен. Секој играч има право да изрази незадоволство кога не игра во најважните натпревари од сезоната“.

Во зимата ситуацијата ескалирала: Дени одиграл само пет од десет натпревари во Премиер лига, а Goal.com го стави во тимот на најголемите разочарувања на првата полусезона од Премиер. Роуз не сфаќал како е можно тоа да се случи - до скоро бил неприкосновен по левата страна.

Последна капка бил составот за дуелите со Арсенал и Манчестер Јунајтед во јануари годинава. 

Кога конечно сфатил дека проблемот е во него, му се обратил на клупскиот лекар. Овој го пратил кај психолог којшто откако „го исповедал“ му поставил дијагноза - Роуз пати од депресија. И му препишал антидепресиви коишто ги пиел неколку месеци.

Регуларното пиење лекарства му помогнале и му станало полесно. Престанал да се нервира за секоја ситница но тешко му паѓало што не игра доволно: пролетва одигра само шест меча но и покрај тоа го викнаа за Англија за Светско.

Роуз за депресијата не кажал никому освен на клупскиот лекар и на неговиот агент. Дури и родителите дознале за болеста на синот пред неколку дена кога „отвори душа“ пред медиумите.

Селекторот Саутгејт исто не бил во тек па се испостави дека тоа што го ставил на список патници за Мундијалот било добро дело.

Роуз најголема помош добил од физиотерапевтот на репрезентацијата Стив Кемп кој не само што му помогнал со опоравок на коленото туку и се допишувал и редовно комуницирал со него низ целата сезона. Дени изјавил и дека е убеден дека благодарение на Кемп селекторот не заборавил на него.

„Јас сум најсреќниот играч на светот. Репрезентацијата на Англија стана мој спас и не можам да се изразам колку сум му благодарен на селекторот и на медицинскиот штаб“, рекол Роуз.

Единствен конкурент сега на Мундијалот за место во тимот ќе му биде 32-годишниот Ешли Јанг. Дени има многу повеќе предност во однос на конкурентот - прво што е помлад и посвеж (10 меча сезонава за Роуз, 30 за Јанг кој е изморен и ова може да биде главен фактор).

Но уште не се знае кој ќе игра во прва постава зошто селекторот Саутгејт рамномерно им дозирал шанса на пријателските.

Киран Трипиер и Гарет Саутгејт јавно го поддржале Дени. „Многу е здраво и важно што Роуз најде сили да признае дека е во депресија среде подготовките за Светско. Многу спортисти не се осмелуваат да ги споделат психолошките проблеми со тренерите или соиграчите, се плашат дека ќе изгубат место во екипата. Се надевам дека ова признание на Дени ќе им помогне на останатите“, вели психологот Еми Ајзицки.

 Единствено нешто што му фали на експлозивниот офанзивен лев бек сега е тоа што семејството нема да може да го гледа во живо во Русија. Вербалните навреди на расна основа врз мајка му му влијаеле на фудбалерот и тој не им дозволил да патуваат во Русија. Тој се плаши да не се повтори сцената: „По тој повод сум спокоен. Не сакам да преживеам уште еден повод за опасност за моето семејство додека се подготвувам за средбите“.

Тоа многу ги погодило родителите. Татко му бил огорчен: „Татко ми беше многу разочаран. Го забележав по гласот. Ми кажа дека е можно веќе никогаш да не ме гледа на Светско првенство“.

Сè друго во животот на Роуз е потаман: го чека Мундијал, лекарствата се минато а дома за него заедно сложно ќе навиваат родителите. Велат дека најстрашното поминало.