Алкатраз или сектор за гостински навивачи?

Сте слушнале ли за ФК Ингулец Петров? Се работи за украински второлигаш кој ја има најчудната гостинска трибина евр. Ја гледаш и не ти се верува што смислиле царевите.

Прва асоцијација кога ја гледате сликава со кафезов е дека ова можеби е некоја трибина, ама не за навивачи, туку за затвореници кои имаат привилегија да одат на стадион.

Епа не е така. Тоа е гостинскиот сектор на клубот Ингулец од Украина. Јакото е што ова мало клупче е формирано во 2013-та и до скоро имал аматерски статус, а најјакото е што има шанси следна сезона да игра во Лига Европа и тоа директ во групна фаза.

Во среда на 15 мај Ингулец ќе игра во финалето на Купот на Украина против Шахтјор Доњецк. Wow. Им треба сензација против 11 кратниот украински првак за да стигнат во Европа, што би било изненадување на векот.

Стадионот им собира 1.720 гледачи, ако воопшто ова може да се нарече стадион. Ние би рекле помошно игралиште.

Исти ѓаол е и во полска втора лига

10 мај 2019 - 10:05