Ал Џезеира на гости кај инспиративниот ФК Осогово

Славната кочанска фудбалска приказна која од третолигашка, оваа сезона ја има еден ранг погоре, се разви најмногу со помош на нивниот модерен начин на работа на социјалните мрежи, особено на Твитер. Да го ѕирнеме нивниот амбиент од лице место.

Во нашето претставување на клубот ја пренесовме и големата екипа која со нивната работа ги сруши стереотипите дека еден македонски колектив треба да остане да работи по старомодните патеки. Со газда, секретарка и тренер. Толку.

Сега таа млада екипа ја имаме пред камера. Од директорите, тренерите, ПР експертот кој им го води Твитер профилот од Германија, па се до економот Блаже кој повеќе од 30 години дише со нив.

Твитот кога Рома ги прогласи за тим на денот имал 400.000 интеракции. Од Мурињо пак се разочарани. Велат дека можел барем да одговори на понудата со да или не.

Во меѓувреме ФК Осогово за ново засилување во напад го промовираше поранешниот македонски репрезентативец Ацо Стојков.

10 септември 2019 - 15:45