Адријано - некогаш голема светска ѕвезда, денес тешко би го препознале меѓу маалски ликови

Од фавелите во Рио стана суперѕвезда на светскиот фудбал, но ја упропасти кариерата кога реши да се врати на старото место и да почне да живее скитничко-мафијашки живот.

Некогашниот шпиц на Интер и репрезентацијата на Бразил, Адријано на почетокот на 2000-те години важеше за еден од најталентираните фудбалери на планетата.

Моќен, брз, снажен, висок, со убиствен удар - Адријано беше права надеж на целата нација и ѕвезда на култната видеоигра PES 6. Освои 4 скудета, 2 Купа на Италија и 3 Суперкупа. Во Бразил ја освои шампионската титула со Коринтијанс и Фламенго. За Бразил играше на Светско првенство 2006 заедно со Кака, Роналдињо и Роналдо. Настапи и на ФИФА Куп на Конфедерации, како и на неколку изданија на Копа Америка. Собра 53 настапи со 27 гола за „кариоките“.

Во Парма Бразилецот на 9 меча по ред даде 8 прекрасни гола (а 23 вкупно на 37 натпревари) и беше печен да се врати во Интер кој лесно се откажа претходно од него.

На „Џузепе Меаца“ имаше неколку блескави моменти, кога со левицата ги кинеше противничките голмански мрежи, ама по извесно време се соочи со проблеми кој не успеа да ги надмине. Најпрво повреди па смртта на татко му, неволји кои жестоко го скршија Адријано.

Беше во постојан пад на форма и очекувано за кратко време се изгуби од радарите.

Денес Адријано има 38 години и живее во фавелите на Рио де Жанеиро.

Живее буквално маалски живот, се дружи со обични смртници и неретко е пијан и во друштво на повеќе жени.

Бразилските таблоиди одвреме навреме пишувале дека Адријано е врзан со една од највлијателните локални банди кои се занимаваат со трговија на наркотици и е вмешана во многу убиства. Во мај 2016 година Адријано беше осуден за незаконско поседување и употреба на АК-47 (Калашников), а се појавуваше и на слики со нарко-дилери.

Понекогаш во фавелата каде што живее го гледаат во друштво на повеќе жени: