Адеми и другарите правеа шутка во соблекувална

По пауза од 49 години Динамо Загреб се избори за нокаут фазата во Лига Европа, а тоа беше повод за лудо славје во соблекувална. На Фејсбук се јави и бегалецот Здравко Мамиќ кој им се заблагодаруваше и на куварките.

Модрите синоќа во густата магла во Загреб славеа 3:1 против Спартак Трнава, триумф со кој стигнаа до 4 од 4 и максимални 12 бода. Втор во групата е Фенебахче со 7 бода, Трнава има 3, а Андерлехт 1.

Динамо Загреб за прв пат по половина век ќе презими во второто по ранг клупско европско натпреварување, а тоа беше повод за да одлепат во соблекувална. Капитенот Аријан Адеми со колегите љокаа пиво, јадеа пици и играа оро на српска музика.

Ечеа хитовите на Митар Мириќ и Синан Сакиќ

Еден од фудбалерите ги прашуваше своите соиграчи дали биле на терен со мајтап дека не можел да ги види од густата магла.

За историскиот успех се радуваа и поранешните играчи на Динамо Модриќ, Ловрен, Чорлука, Пјаца и Пивариќ.

9 ноември 2018 - 09:15