А има некој што не гласа за Меси и Роналдо?

Веќе една деценија го држат приматот и ги собираат наградите со исклучок на ланската кога доминацијата барем за момент им ја прекина Лука Модриќ. Ама без разлика на тоа што се најјаки, има ли земји кои не мислат така?

После секоја церемонија за доделување на награди, било да е на ФИФА или Франс Фудбал, имаме увид да го видиме вкусот на секоја земја, вклучително и на нашата. Па еве да не останеме покуси и годинава.

Од Македонија право на гласање за Златната топка имаше новинарот Марио Сотировски од Вечер, кој ги даде гласовите по следниов редослед: Меси, Салах, Роналдо, Алисон и Ван Дајк.

По извонредната година проследена со 54 гола како најдобар стрелец во Европа, титула во Ла Лига, како и лудии партии кои не се бројат, Меси синоќа ја освои Златната топка број 6, што е рекорд во историјата.

И веќе се знае од прилика дека речиси и да нема земја која не го дава својот глас за Меси или/и Роналдо, ама нас не интересираше да видиме дали некој има храброст или став дека треба малце да разбие монотонија.

Она што се забележува во гласањето е дека многу новинари сметале дека Ван Дајк треба оваа година да ја земе наградата, а тоа се должи на неговите блескави партии во одбрана, како и освојувањето на европската титула.

Затоа годинава во гласањето преовладуваат играчите на Ливерпул, па така освен Ван Дајк многу гласови отишле и кај Алисон, Мане, Салах.

Германија на пример очекувано гласаше за Левандовски, ама затоа Бразил веројатно неочекувано за Меси.

Азиската земја Бутан на пример сите гласови ги дала за европските прваци.

Гватемала меѓу нив вметнала и еден бисер на Ајакс кој сезонава го облече дресот на Барселона.

А најјаки се Шри Ланка кои си терале по свое и скроз се издвоиле од другите. Царевите гласале и за играч на Арсенал.

3 декември 2019 - 13:49