66 легенди се собраа на едно место за Андреа Пирло

Легендата на Милан, Јувентус и општо на италијанскиот фудбал од синоќа и дефинитивно е во фудбалска пензија. Како никогаш до сега гледаме толку многу легенди на едно место за еден човек, кој очигледно многу вредел.

Фудбалскиот Моцарт го одигра својот последен официјален натпревар на 6 ноември минатата година како член на Њујорк Сити во МЛС лигата, ама после вчерашниот спектакл, сигурно дека многу повеќе ќе се навраќа на 21 мај, отколку на 6 ноември.
 
За неговиот проштален натпревар успеа да собере 61 фудбалер, од кои повеќето пензионирани играчи и пет актуелни тренери, а како место за простување со фудбалот го избра Сан Сиро.
 
Се разбира не случајно. Тоа беше негов дом 10 сезони (2001-2011 во Милан) во кои одигра 401 натпревар, постигна 41 гол и освои 9 трофеи, а меѓу другото стана и еден од најдобрите играчи за врска и изведувачи на слободни удари.
 
Колку голема легенда, но и човек беше Андреа Пирло покажува почитта која му ја даде целиот крем на италијанскиот фудбал. Со исклучок на Франк Лампард со кој играше во Њујорк, сите други повикани гости се слави фаци од Серија А.
 
Екипите беа поделени на „Бели“ предводени од Антонио Конте и Карло Анчелоти и „Сини“ под водство Масимилијано Алегри, Роберто Донадони и Мауро Тасоти. Списокот на легенди не се добројува:
 
 
БЕЛИ - СИНИ 7:7
0:1 Шевченко, 0:2 Кваљарела, 1:2 Пато, 1:3 Касано, 2:3 Виери, 2:4 Кафу, 3:4 Пато, 3:5 Сидорф, 3:6 Броки, 3:7 Тони, 4:7 Инѕаги, 5:7 Матри, 6:7 Инѕаги, 7:7 Инѕаги
 
Вреди да се изгледа цел хајлајтс. Инаку на 7:30 на Вентола му влегоа од позади. Како тоа кој? Па Гатузо

Легендите на Милан 

Говорот на Пирло, гушкања и заедничка фотка

Бобо ровареше во соблекувална со телефонот

Додавањето на Тоти до Пипо

22 мај 2018 - 11:41