32 хет трик на Меси во кариерата

Со три гола и две асистенции, Лионел Меси го спушти на земја Леванте кого Барселона го декласираше со 0-5. Аргентинецот покажа дека за него нема граници.

Новото шоу на Меси значеше и неверојатен 32. хет трик за Барселона. Во историјата на шпанска Ла Лига сега Кристијано Роналдо му бега „само“ два хет-трика повеќе. Кога викаме „само“ помислуваме и на тоа колку е тешко да се дадат три гола на еден ист натпревар.

Во 2018 Меси постигнал 50 погодоци во сите натпреварувања. Во оваа календарска година никој не дал повеќе од него.

Во 2017-та капитенот на Аргентина постигна 54 гола.

****

Во шпанското првенство најдобриот фудбалер во историјата на Барселона постигна досега 13 гола - најмногу од сите напаѓачи во Топ5 лигите. Меси стана прв играч во Топ5 лигите сезонава со повеќе од 10 асистенции.

Лео прво му намести гол на Суарез во 35’ минута за 0-1 (Енис Барди имаше лоша вечер и за првиот гол ја загуби топката кај што не треба):

Во 43’ Меси зголеми на 0-2:

Само што почна вториот дел, во 46’ минута Меси со нов гол за 0-3:

Во 60’ минута Аргентинецот зголеми на 0-4:

Во 89-та Меси му намести гол на Пике за 0-5 (3 гол на Пике последните 4 средби):