42 трофеи освои, нормално дека ќе плива на суво

Со победата против Монако и освојувањето на титулата во Франција, Дани Алвеш стана фудбалер со најмногу освоени трофеи во историјата на фудбалот. И после како да не се глупира во соблекувална, па не Роналдо и Меси, туку никој друг нема толку.

Дани Алвеш игра фудбал во сениорска конкуренција 18 години, а има рекордни 42 трофеи како ниту еден друг играч во историјата.

Со втората негова првенствена титула во ПСЖ, тој ја мина египетската икона Хосам Хасан кој остана осамен на 41 трофеј благодарение на доминацијата со Ал Ахли и Замалек.

На третата позиција на оваа листа со 37 се Иниеста, Максвел и уште едно име од Египет, а тоа е Ибрахим Хасан.

Трофеите на Дани поделени по клубови изгледаат вака:

А ова е подетална листа

Така што скроз разбирлива е оваа прослава на бразилскиот бек во форма на глупирање. 

А голот прошло коло му го видовте?

22 април 2019 - 14:30