25 прашања и 25 одговори со тренерот на ФК Каменица Саса

Ако можат Мила и Оливер, зошто да не може и Мите. Со тоа што верувајте овој е далеку по спонтан или со други зборови ЦАР, а цареви се тие и од клубот на кој им текнало да го снимат ова. Си кажа искрено кој е најголем женкар во екипа, па уште и одеше наназад по скали. Спортски оскар за видеово. Под итно.

Ви рековме дека ФК Осогово на Твитер доби конкуренција по име ФК Каменица Саса и тоа е веќе јасно. Дечките се до толку добри следачи на трендови, што си снимија и свое интервју со шефот на стручниот штаб на клубот, Мите Митев, ама според новата мода.

Освен тоа што искусниот стратег делува сигурно и пред камера, тој е брутално искрен и затоа е најјак. Тренер е на Саса, омилен клуб му е Работнички, а најнеомилен Барселона. Во кино не бил 40 години.

Си кажа и за водителката, а кажа и виц за власи. Цар, цар, цар. Ние веќе три пати го гледавме и не остануваме на тоа.

Плус амбиентот е ептен автентичен за второлигаш, од изгледот на канцеларијата па сè до тоа дека веројатно нема греење со оглед на стајлингот на Мите.

24 јануари 2020 - 15:30