14 причини зошто Ла Масија е најдобрата фудбалска академија во свет

Момците на Луис Енрике сезонава не успеаа да се изборат ниту за титулата во Ла Лига, ниту во ЛШ, но затоа фудбалската школа на Барселона го обели образот со сезона за паметење за речиси сите возрасти.

Ако некој се прашува зошто веќе долги години наназад се зборува за успешноста на фудбалската академија на Барселона еве потврда за тоа.
 
Ла Масија успеа да направи фантастичен подвиг кој всушност го повторува по втор пат, а тоа е да освои 14 од вкупно 16 можни титули во сите младински категории.
 
Екипите кои освоија 14 титули сезонава играат во следниве категории на Барселона:
 
Барселона Б
У-19
У-18
У-16
У-15
У-14
У-13
У-12 А
У-11 Ц
У-11 Д
У-10 A
У-10 Б
У-9 Ц
У-8

„Ние сме многу задоволни од сезоната која ја имаме. Резултатите покажуваат дека сме на вистинскиот пат. Санкциите од ФИФА не направија силни и нашата фудбалска академија прави импресивни работи“, вели Џорди Роура, кој е технички секретар во Ла Масија.
Според него еден од клучните работи за овој успех е што на четворица од петмина играчи во секоја категорија им престои долга и имресивна кариера и што еден ден можат да завршат во првиот тим.
 
Барселона е клуб со најмногу играчи во младинските селекции на Шпанија, па така на пример во Европскиот првак У-17 кој го освои првенството во Хрватска, има шестмина Каталонци.
 
24 мај 2017 - 14:51