14 клубови од Серија А имаат помал буџет од платата на Меси

Ја имаме листата на плати на сите екипи, играчи и тренери од италијанското фудбалско првенство. Споредено со најплатените петмина во Европа, тие изгледаат смешно. Или па можеби ова во Италија е некоја нормала за разлика од нив. Кој што сака нека каже, ама преплатени се суперѕвездиве.

Триото кое заедно годишно заработува 113 милиони евра. Интер за плати има 116 милиони.

Вака изгледа составот на 11 најплатени играчи во Серија А сместени формациски. Со исклучок на Роналдо за кој веќе е добро познато дека се договорите за астрономска сума за италијански услови, сите останати играчи се под 10 милиони евра по сезона. Игуаин направи одличен дил со Милан, а по него следуваат неговите довчерашни клупски колеги Дибала и Пјаниќ.

Во Интер најплатените двајца се Икарди и новодојдениот Наинголан, во Лацио Имобиле и Леива, а во Милан по Игуаин следува Донарума кој по шпанската серија си одам, не си одам, му го продолжија договорот со плата за мерак на тие години.

Наполитанците најмногу го кешираат Инсиње, а во Рома најплатен е Џеко.

Пандев во Џенова во ветеранските години игра за 500.000 евра по сезона, плата која ја земаше и во Лацио, во Фиорентина најплатен е синот на Енрико Киеза, а во Киево, Емполи и Фрозиноне нема играч кој има милионска плата.

Вака изгледа годишниот буџет на сите италијански прволигаши и годишната плата на најплатените играчи во Европа. Јувентус се двои на челната позиција, пред Милан и Интер. Меси има годишна плата поголема од буџетот за плати на 14 екипи.

Вака се движел вкупниот годишен буџет на сите 20 екипи во последниве 10 години.

Од тренерите најплатен е Алегри со 7,5 милиони по сезона, па Анчелоти со 6,5, а трет е Спалети со 4,5. Гатузо работи во Милан за 2 милиони по сезона, а Пипо Инѕаги за 600.000 евра, двојно помалку од брат му во Лацио.