10 моменти кои ги доживеаа навивачите на Лестер во последниве 10 години

Да го оставиме малку на страна контроверзното судење на мечот меѓу Реал и Баерн поради кое заборавивме кој играше паралелно во ист термин на другото четвртфинале. Раниери го избркаа и сите заборавија на едно од најголемите сензации во фудбалот.

Сезоната 2015/2016 беше сезона на Лестер, клубот кој стана тема број 1 во светски фудбалски рамки откако во друштво на Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити, Челси, Арсенал, Ливерпул и Тотенхем ја освои Премиер лигата.

Тоа што сезонава останаа без нивниот херој Клаудио Раниери, како и моторот на екипата Канте и паднаа речиси во зона на опстанок, не е причина да ги заборавиме. Лестер и покрај низата на проблеми играше во Лигата на шампионите.

И што е најважно како дебитант немаше епизодна улога, туку прво во групна фаза заврши на лидерската позиција, потоа во осминафинале ја елиминираше Севиља и стигна до историско четвртфинале каде достојно со вкупни 2:1 беше елиминиран од далеку поискусниот Атлетико Мадрид.

Респект за трудот, професионалниот пристап и упорноста. Од четвртолигашки со најбрзи чекори стигнаа до топ 8 во Европа. Навивачите на Лестер оваа ера на клубот на внуците ќе им ја раскажуваат користејќи ги овие 10 точки.

2008: Промоција во Лига 1

2009: Шампиони во Лига 1

2010: Плејоф во Чемпионшип

2011: 10-то место во Чемпионшип

2012: 9-то место во Чемпионшип

2013: Плејоф во Чемпионшип

2014: Шампиони во Чемпионшип

2015: Промоција во Премиер лига

2016: Шампиони во Премиер лига

2017: Четвртфинале во Лига на шампиони

Историската сезона за Лестер во Европа ја искоментира и Рио Фердинанд.

„Никој не очекуваше од нив да ја минат групната фаза, а камоли да стигнат до тука и да играат против Атлетико Мадрид, затоа треба да се земе предвид нивното срце со кое успеаа во ова. Треба да бидат горди на ова нивно достигнување со кое ја направија горда и Премиер лигата“.

19 април 2017 - 16:14