Видео

Станувај, земјо огромна
15 Септември 2019

Хорот на Народно-ослободителната армија на Кина изведува една од најпознатите и најмоќни руски патриотски песни од Втората светска војна. Претпоставувате како може да звучи тоа? Повеќе

Невесто, поштеди го човекот од детали
15 Септември 2019

Младоженецот е озвучен и носи микрофон, како би останале што поавтентични спомени од свадбата со неговата избраничка. Но, таа тоа не го знае и решава да му довери еден баш интимен момент. Повеќе

Ни Амстердам отсекогаш не бил Амстердам
13 Септември 2019

Плоштадот Рембрант е еден од најголемите плоштади во центарот на Амстердам. Во 1960-та плоштадот е автомобилски фронт, денес истиот овој потег е мерак, пешачки и велосипедски. Повеќе

Бондовското видео на шпионката која сака во Конгресот
12 Септември 2019

Дента кога ЦИА мораше од Русија да извлече свој топ шпион откако неговиот идентитетот беше компромитиран од фушерајската администрација на Трамп, поранешна шпионка на ЦИА чиј идентитет своевремено беше загрозен од првиот помошник на Дик Чејни (подоцна помилуван од Трамп), со јако видео ја најави својата кандидадура за Конгресот. Да, таа ја вози колата, тоа е дел од обуката во ЦИА.  Повеќе

И Кејтлин да чуе некој виц за Кејтлин
11 Септември 2019

Кејтлин Џенер беше дел и тема на добар дел стендапи и вицови што се раскажаа од моментот кога Брус одлучи да стане Кејтлин. Речиси ниту еден од овие вицови, барем во јавност, не беше кажан пред Кејтлин. Блејк Грифин се погрижи да го исправи тоа. Повеќе

Махери под притисок
11 Септември 2019

Квин, Ени Ленокс и Дејвид Боуви ја вежбаат „Under Pressure“. Квин си шијат како стари занаетлии, Ени концентрирана за да може да биде прецизна во високото а оној Боуви е факинг фраер дури и во тенџере плаво сако. Позади некаде, редот си го чека Џорџ Мајкл... Херојски времиња. Повеќе

Три баби на грас
9 Септември 2019

Три англиски бабички доаѓаат во Амстердам решени за прпват во нивните животи да вдишат малку од тамошната култура. Резултатот е спектакуларно симпатичен. Вакво нешто треба да им следува и на овдешните пензионери, за да олабават малку на оние утрински емисии. Повеќе

Септемвриска чистка во Јутјуб
9 Септември 2019

Видео платформата соопшти дека отстранила преку 100.000 флегнати видеа, во согласност со новите правила за говор на омраза. Изгорени се и 17.000 канали и 500 милиони коменари на нив. Сè за ваше добро, чиста мисла и мирен сон. Повеќе

Геј да ве погали
8 Септември 2019

Соголена од инструменти и пратечки вокали, песната „I Heard it Through the Grapevine' оставена само на еден од најубедливите Мотаун гласови на сите времиња, гласот на Марвин Геј, човекот кој загина од раката на својот татко. Повеќе

Без старца нема ударца
8 Септември 2019

Во западниот свет оваа дупачка завршува или со смеење или со по некоја збунета фаца. Во арапскиот тоа се доживува малку посериозно. Повеќе

Два-три (брзи) збора за Honeyland
5 Септември 2019

Во идеален свет, или вие би го разбрале секој збор или ние би ви понудиле комплетен транскрипт од мислењето на Џејмс Шоу за македонскиот документарец Медената земја. Бидејќи овој свет таков не е, само ќе ви кажеме: му се свиѓа.  Повеќе

Авенџерс: Организација
4 Септември 2019

Марвел филмовите се достигнување по повеќе сериозни основи дури и без да се земат предвид компјутерски ефекти и камери. Она што нас нè воодушевува е организацијата, поточно што некој треба на секој од овие да им каже што да прават, и сите заедно, кореографирано, да го послушаат него. За нас на пример организациски успех е да пуштиш некого во продавница по 3 работи, а да не ти се врати со една заборавена и една згрешена. Повеќе

Трудот е новиот бог а работата религија
4 Септември 2019

Следете го својот сон, држете со до она што навистина го сакате, чувајте ја својата страст... се дел од оние пораки кои познати лица често им ги упатуваат на штотуку завршени студенти, продавајќи им го „лажниот американски сон“ кој ќе го имаат само малкумина. Едноставно, многу работи кои постојат на пазарот се просто одвратни и се сведуваат на тоа да продаваш нешто и да правиш пари за газдите.  Оттука, оние чиј идентитет и смисла на постоењето се сведуваат на нивната работа, да не се чудат ако еден ден ќе се почувствуваат некако прегорени. Повеќе

Кај отиде светот
4 Септември 2019

Тројца FX артисти коментираат добри и лоши страни на филмски сцени кои се работени со компјутерска графика. Се разбира, махерите имаат неверојатно чувство за детали но најфасцинантно е што нè потсетуваат на кои сè „ситници’ треба да се мисли и работи за една сцена да изгледа уверливо. Повеќе

Арон Краскал и неговите проблеми
2 Септември 2019

Ако не го, треба да го знаете Арон Краскал. Тргна со смешни онлајн видевца на разни платформи за денес да работи со Кевин Харт и слични. Има некоку добри рубрики, оваа ни е омилената: кога зборува по телефон за да ги шокира оние кои несакајќи го слушаат. Повеќе

Сарамзалино: 1.000 војници на 1.000 жени. А дете нема.
2 Септември 2019

ЈНА своевремено побарала од словенечкиот режисер, камерман и директор на фотографија Карпо Година (инаку, роден во Скопје), да им направи прописен војнички филм. Карпо ги зема парите и им го прави ова - малтене хипи - филмче, потег за кој требало многу кохонес. Главучите во ЈНА подоцна го касапат филмот, но режисерот зачувува еден примерок. „За љубовните вештини“ е фасцинантно дело, во кинематографска, идеолошка и естетска смисла. Со авторска музика на браќата Вранешевиќ. Повеќе

Пет причини за да се баталат Фејсбук и Гугл
31 Август 2019

Клипот е на DuckDuckGo, интернет пребарувачот кој држи до тоа дека е посветен на штитење на приватноста и на тоа да не ги профилира корисниците за да им ги филтрира резултатите на нивните пребарувања.  Повеќе

Базирано на вистинити поплаки
30 Август 2019

Британски Канал 4 собира сила да ги прочешла критиките што ги добива од гледачите за од нив да извади нешто малку од малку воспитано што може да се искористи за маркетинг и ги става во реклама, и тоа многу успешно. Повеќе

Леб и сол. What a band!
29 Август 2019

Дали ќе ги начекавте во Драмски театар, во Антички во Охрид, во Битола или каде било, Влатко, Бодан, Кокан и Гаро правеа концерти кои се слушаа во еден здив. Да ги ѕирнете коментарите на Јутјуб, да видите што е тоа консензуалност, од Хрватска до Африка. Повеќе

Комшија Паспаљ
28 Август 2019

Ти го мислиш Паспаљ дреме на некоја плажа во Шпанија, индексира што сè поминува по песокот, стратешки позициониран на некој шанк, ама не, човекот има и попаметна работа. Паспаљ (кошаркарската легенда со сите свои светски злата, слава и пари) два месеца, сам самцат, те со косилка, те со мотика, те со ножици, го средува заедничкиот двор пред зграда, за себе и сите комшии. Става и кош, само сега нема кој да игра, или сите се старки или се многу мали. Александар Ѓорѓевиќ, Дејан Томашевиќ и српскиот кошаркарски сојуз го средуваат ова. Повеќе