20 години од почетокот на војната во Босна За време на војната во Босна, челистот Ведран Смаиловиќ го свири Штраус во бомбардираната Национална библиотека на Сараево. 12-ти септември 1992. Поранешна снајперска позиција на планината Требевиќ со поглед на Сараево. Специјалец од босанската војска враќа на огнот на српските снајпери, за време на еден напад на центарот на Сараево на 6-ти април 1992-ра. Србите пукаа од кровот на еден хотел, за време на демонстрациите за мир на околу 30.000 граѓани. Радован Караџиќ и Ратко Младиќ разговараат со новинарите на 4-ти ноември 1992. Српски војник се крие зад запалена куќа во селото Горица, 12-ти октомври 1992. Чад и оган од куќите запалени за време на тешките битки меѓу босанските Срби и Муслимани во селото Љута на планината Игман, околу 40 километри југозападно од Сараево. 22-ри јули 1993. На патот кон дома, жената претрчува покрај уништените продавници во најопасниот дел од т.н. Снајперски сокак. 8-ми април 1993. Француските трупи на О.Н. патролираат пред уништената џамија во близина на Витез. 27-ми април 1993. Зградите "Момо" и "Узеир" во пламен, по тешкото бомбардирање на Сараево. 8-ми јуни 1992. Таткото се разделува од својот расплакан син и сопругата, кои со автобус го напуштаат опколеното Сараево на 10-ти ноември 1992. Полицаец од муслиманската милиција бара снајпери за време на битката со југословенската армија во Централно Сараево во сабота 2-ри мај 1992. Мртви и ранети луѓе лежат расфрлани пред сараевскиот пазар, откако минофрлачка граната експлодира пред самиот влез на 25-ти август 1995. Во експлозијата беа убиени најмалку 32 лица а над 40 беа ранети. Војници на босанските Хрвати, заробени минуваат покрај босански Србин откако се предале на планината Власиќ. Околу 7.000 хрватски цивили и 700 војници пребегаа на српска територија по тешкото бомбардирање од босанските муслимани. Српски војник тепа заробен припадник на муслиманската милиција, за време на испрашувањето во Вишеград. 122 милиметарска артилерија на босанската влада, на позициите во близина на Сански мост, отвора оган на Приједор, тогаш контролиран од Србите. Жена стои над тазе ископаните гробови во Сараево. Најголемиот број луѓе одеа на гробишта кога има магла за да ги сокрие од снајперски оган. 17-ти јануари 1993. 7-годишниот Нермин Дивовиќ лежи смртно ранет, додека неидентификуван американски и британски војник се обидуваат да му помогнат. Детето е погодено во глава од снајпер. И покрај тоа што припадниците на О.Н. веднаш дошле до него, детето умира на лице место. 18-ти ноември 1994. Еден од врвните снајпери, по име "Стрела," го полни својот снајпер во соба во Сараево. 20-годишната Србинка која се бори на страна на босанските сили, вели дека веќе не брои колку луѓе има убиено, но и понатаму дека и е тешко да го повлече чкрапецот. Поранешната студентка по новинарство објаснува дека нејзина цел се снајперите од српска страна. Ракета експлодира во центарот на Сараево. во близина на катедралата. Татко го заштитува своето дете, додека трчаат преку една од најопасните снајперски точки за пешаците во Сараево. 11-ти април 1993. Учесничките на Мисс опколено Сараево 93-та, на сцена со парола "Не ги оставајте да не убијат." Дамки од крв го покриваат кршот во собите на пациентите во болницата Кошево во Сараево, откако граната падна во собата и уби двајца а рани шестмина. 16-ти јуни 1995-та. Маж се крие зад камион додека гледа во телото на 54-годишниот Рамо Серемет кој беше застрелан од снајпер додека работеше на поставување на анти-снајперска барикада во Сараево. Двајца затвореници седат на земја за време на посетата на новинари и членови на Црвениот крст, на српскиот затворенички камп Трнопље 13-ти август 1992-ра. Француски војник ја мести бодликавата жица на еден од камповите на О.Н. во Сараево. 21-ви јули 1995. Луѓето гледаат во телата на српските цивили убиени во нападот на хрватските командоси, на градот Босанска Дубица. Двајца војници од босанските Хрвати минуваат покрај телото на босанскиот Србин убиен во хрватскиот напад на Дрвар. 18-ти август 1995. Ф14 полетува на патрола над Босна од носачот на авиони УСС Теодор Рузвелт. Чад од магацинот со муниција на босанските Срби, по воздушниот напад на НАТО на Пале. Цели на НАТО беа магацините и радарите на босанските Срби како и нивните комуникациски центри. Деца гледаат кон авионите кои ја спроведуваат зоната за забранети летови на Сараево. 12-ти мај 1993-та. Српскиот полицаец Горан Јелишиќ пука во жртва во Брчко. Подоцна тој е уапсен и осуден на 40 години за воени злосторства. Бегалци од Сребреница се собираат пред базата на О.Н. во Тузла, на 14-ти јули 1995-та. Куќа уништена од војната, во напуштено село во близина на Дервента. Босанка плаче над ковчегот на свој роднина на масовното закопување на жртвите војната, чии остатоци беа најдени во масовните гробници околу градовите Приједор и Козарац. Босанка од Сребреница седи под сликите на жртвите на масакрот во градот и го гледа преносот од судењето на Ратко Младиќ. Босанец жали меѓу ковчезите на меморијалниот центар Поточари во близина на Сребреница. Во изминатите години над 4.500 тела пронајдени во Источна Босна без закопани на Меморијалните гробишта во Сребреница. Млада Босанка минува покрај камениот споменик со имињата на жртвите од масакрот во Сребреница. Поранешниот српски лидер Радован Караџиќ, на првото појавување пред судот во Хаг. (пред) Уништен тенк пред зграда во населбата Ковачичи во Сараево, февруари 1996. (потоа) Луѓе минуваат на истата улица во населбата Ковачичи на 30-ти мај 2011. (пред) Припадници на О.Н. градат засолниште под уништените загради близначки. Март 1993. (потоа) Возила минуваат под реновираните згради на 1-ви април 2012. (пред) Тинејџер носи вода пред уништените трамваи на плоштадот Скендерија на 22-ри јуни 1993. (потоа) Жена го минува истиот плоштад на 4-ти април 2012. Постара жена остава цвеќе на неколку од 11.451 празни столици поставени на главната улица во Сараево, кои треба да ги симболизираат 11.451 жртва на опсадата на градот. Поглед на редот црвени столици поставени на Титова улица, по повод 20-годишнината од почетокот на војната во Босна. Дете остава цвеќе на неколку од "детските" столици поставени во редот на Титова улица.