Офсајд

По синоќешниот триумф од 1:0, Вардар ќе има многу работа на реваншот во Копенхаген за да се избори за сензација, но резултат е поволен, а љубопитноста голема за да видиме што би се случувало понатаму ако на 2 август добиеме уште еден празник за славење.

Од 1. ноември 2006 до 25. јули 2017. Толку време (речиси 11 години) траеше серијата на примени голови во Лига на шампиони на голманот на ЦСКА и Русија.

Бразилецот Жоел Сантана е човек кој во кариерата бил тренер на 19-ина места а светот го дозна во 2008-ма кога беше селектор на Јужна Африка и даваше интервју на англиски. Пази, на англиски.

Големото изненадување кое го приреди Вардар во квалификациите од ЛШ, не помина незабележано во странскиот печат. Еден од најпознатите светски портали специјализирани за фудбал направи штос токму од средбата во Скопје.

На мечот Виктор Ханеску - Микаел Лодра, Романецот ја доби најубавата шанса која што секој тенисер со душа ја чека - прилика за волеј удар. Кога сите аплаудираа на веќе готов поен, тој се реши за нешто друго.

Ако во време на Сеп Блатер фрлаше дрвја и камења по ФИФА, денес Марадона е целосно прибран и пристоен откако организацијата ја води Џани Инфантино. Аргентинецот ја поддржува замислата за видео-технологија и реприза на спорните моменти.

Британските медиуми го нарекоа Меси, а други го споредуваат со Златан Ибрахимовиќ. Барселона, Јуве и Милан се дел од екипите кои го бараа на 19 години, но тој деновиве се очекува да направи трансфер во Лацио. Лани нè потопи во Скопје.

Еден од најдобрите фудбалери во историјата на ова поднебје, легендарниот ’Жути’ играше во Динамо Загреб, Црвена звезда, Реал Мадрид, Барселона, Овиедо, Севиља, Стандард Лиеж и Портсмут а во кариерата освои 14 трофеи од кои највреден беше оној во Купот на европски шампиони со Дарко Панчев и Илија Најдоски.

Синиша Михајловиќ, 48 години vs Вања Милинковиќ Савиќ, 20 години се пресметаа на последниот тренинг на Торино. Стариот му одржа лекција на својот сонародник и го совлада 3:0, а овој на крај побара измена. Не за џабе Синиша беше рекордер по број на голови од слободен удар во Серија А.

Со оглед на тоа што се работеше за натпревар од висок ризик, УЕФА не дозволи гостински навивачи да патуваат во Белград на 3. квалификациско коло од ЛШ. Но кога ги нема навивачите, мета на Гробарите беа играчите на Олимпијакос кои на полувреме ги гаѓаа со шишиња, по што еден од нив им врати. Инаку Партизан - Олимпијакос конечни 1:3

Во првиот меч од 3. квалификациско коло вечерва во Скопје, фудбалерите на Вардар го победија Копенхаген со 1-0 и со убава залиха ќе патуваат на реваншот во Данска за една недела.