За гејмингот се работи: Next Level

Со ќеиф им ја објавивме идејата, потоа презедоа и други портали и сè на сè, супер пројде приказната. Шерувањата на нивното промо видео да беа евра, @Gorast Cvetkovski и @Boban Stojcevski сега ќе беа во када со млеко, а @Danko Dimoski ќе го ладеа црнкињи со палма. Пошто не баш, време е за "инсерт коин".


...нашето патешествие продолжува понатаму. Како и сите мејнстрим дечки (што се или вегетеријанци или јадат исклучиво органски ребра) така и ние решивме да го следиме трендот - се обративме за support на краудфондинг комјунитито (кое е исто така кревко во Македонија).

Иако дел од работите кои ни требаат за да почнеме имаме, сепак голем дел ни фалат, па така се одлучивме да побараме поддршка од вас, оние од кои ја добивме првиот пат.

Затоа ве повикувамe, о Гејминг комјунити на Македонија (каде и да сте), вложете во нашиот проект GG (video podcast) за кога ќе се сретнеме стари, изнемоштени во некој автобус (во вторник) да не ни биде криво и жал што воопшто не сме ни пробале.

Искрено,

Вашите - GG

Учествувајте во приказната - ТУКА

ФБ на дечките

2 април 2014 - 09:31