Владата почна да го храни народот

Нарачајте храна во Влада, бадијала е. Фотељашите имаат кафе за само 6 денари, тост за 40 денари а рамстек за 180 денари. Примаат нарачки, само со испораката треба некако да се снајдете. Најдобро е ако сте им во близина, одма тука пред нив, секој ден. Телефонот е 02 3118-022 (локал: бифе). Слободно кажете, зборено е со шефот.  

5 јули 2022 - 12:56