Валерија Вистинска

Песната на Драган Каранфиловски Бојс сама по себе веќе е химна во префинети македонски кругови во кои таа со задоволство се пее во чест на љубовта, во спомен на реумата и во знак на човековата победа над ајкулата. Но, Валерија не е девојка од вчера. Таа порано се движела малку побрзо и била нешто поведро облечена од онаква каква што ја знаеме. Реумата и ајкулата си стојат. Епски спојлер: Валерија е од Сараево.

Трендоленд од срце му ја честита на Бојс Златната Бубамара за животно дело.

Заради безвезе околности, не стигнавме во намерата тоа да го направиме на самата Бубамара. Идејата беше Трендо, Тихо и Бетмен да ја одсвират Валерија (од ге-мол)  а легендарната песна да ја отпее самиот Бојс.

Бендот ќе се викаше Girls, за да може целата точка да биде најавена како Bojs & Girls.

Енивеј, честито награда, маестро.

17 февруари 2014 - 15:15