Подржете ги македонските кучиња на војната

Дечките кои освоија прво место на "FilmConvert Competition" пред две години (види овде), повторно се во трка за првото место на  - овојпат поголем - натпревар од интернационален карактер.

Краткиот филм „Dogs of War“ е единствениот претставник од Македонија и се натпреварува за прво место на најголемиот интернационален натпревар за краток филм „My Rode Reel“, организиран од компанијата RØDE.

Разбојник фатен сред ограбување патрола, единствениот начин да се спаси е да го изманипулира својот поранешен колега.

Гласањето трае до 5ти Септември, а во моментов се 6ти од вкупно 1616 филмови и им треба нашата поддршка да го осигураат првото место.

Со притискање на копчето Vote и логирање преку e-mail, Google+ или Facebook на линкот подолу можете да им дадете поддршка на овие млади момци и девојки, а воедно да го погледнете и филмот.

https://www.rode.com/myrodereel/watch/entry/6078

 

7 август 2018 - 09:06