Најлоши сме меѓу најлошите

Најљубезно се моли Венко Филипче да не ги релативизира работите со неговите паушални изјави, како неговиот шеф пред неколку дена. Денеска изјави дека смртноста била висока насекаде и дека немало потреба од полициски час и други мерки.

пишува: Дејан Трајковски

Да ги видиме фактите. На подолниот дијаграм се дадени моменталните седумдневни просеци на дневниот број на починати на милион жители од 13-те земји со најголем кумулативен број на починати од почетокот на епидемијата до денес, исто така на милион жители. НАЈЛОШИ СМЕ МЕЃУ НАЈЛОШИТЕ НА СВЕТОТ! Јасно е дека со вакво темпо Македонија ќе ги достигнува и престигнува земјите што се повисоко од неа на листата според кумулативната смртност.

Дали ќе се најде некој да го сопре овој човек, кој предизвикува општа опасност во државата, страдање и умирање со ваквите неодговорни изјави? Еве му го графикот и изворот на информации (официјалната светска датабаза за ковид-19), нека ја анализира малку пред да излезе пред камери и повторно да нѐ дезинформира. Ранг-листата според кумулативната смртност е дадена во мојот претходен пост денеска.

Едно мало дополнување: дневната смртност на Словенија и БиХ не е прикажана на дијаграмот (иако имаат високи бројки), од причина што овие земји се далеку од 13-те со најголема кумулативна смртност.

(27 ноември 2020)

**********************

Два дена пред предвидениот термин, Македонија се најде на светската топ-10 листа според бројот на починати на милион жители, односно стапката на морталитет. Не веруваа кога „тој што му фали штица во главата“ (квалификацијата од прилепскиот директор на болницата за мене) им кажа уште пред еден месец, кога се најдовме на топ-20 листата, дека на почетокот од декември, доколку не се нареди итен локадун, ќе влеземе и на топ-10 листата. Тоа не беше никакво пророштво, туку само следење на трендот на дневните бројки на починатите и споредување со останатите.

Но на десеттата позиција нема да се задржиме долго. Всушност, ако ги занемариме градовите-држави Сан Марино и Андора, ние уште отсега сме на осмата позиција во светот. Според моменталното темпо на умирање (последните вредности, крајно десно на вториот дијаграм), Македонија моментално најбрзо искачува споредено со сите земји повисоко рангирани од неа. Како што пред два дена пренесе и Телма, ќе ги достигнуваме и престигнуваме тие земји и за многу кратко време ќе стигнеме до седмата позиција, односно без градовите-држави ќе се најдеме на водечката топ-5 листа.

Сметам дека тука повеќе не се работи само за некаков наводен спас на економијата, туку поверојатно е дека нашите здравствени и државни власти поради каприциозност и докажување дека се во право околу мерките (?!) со своето неразумно однесување ја водат земјата кон светскиот врв на ужасот.

Како што рече Бранимир Јовановиќ, довчерашниот советник во Министерството за финансии, кој замина откако увиде со кого има работа, оваа влада го избра патот на незнаење наместо на знаење. Тоа незнаење и тврдоглавост, во комбинација со спремноста на населението да го изложува своето здравје на ризик само затоа што не сака да се воздржи од своите хедонистички навики, нѐ доведе до ова пеколно и срамно дереџе.

Продолжуваме да искачуваме, да не биде дека не кажав на време.

Едит: Тука треба да се додаде дека македонската стапка на морталитет е пресметана преку официјалниот број од 2.080.000 жители на Македонија. Доколку користевме пореална проценка, околку 1.700.000 жители, македонската стапка на морталитет би била повисока за околу 22%, односно би изнесувала 998 починати на милион жители! Со тоа би биле рангирани на четвртата позиција во светот, веднаш по Белгија, Сан Марино и Перу, односно на трета позиција без Сан Марино. Но за да не испадне дека ги штелуваме бројките, да се задржиме на погорната официјална статистика. Ова би било и порака до оние што ги релативизираат сегашните бројки, да го земат предвид и овој намален број на жители.)

29 ноември 2020

*********************************

Еве како ги достигнавме и претркавме во само два дена Франција, Чиле и Бразил според кумулативниот морталитет на милион жители и се најдовме на светската топ-10 листа.

Воочете ја стрмината на искачување на темносината, македонската крива (темпото на умирање) во однос на останатите криви.

Дали се сеќавате на драматичните слики од Бразил во јули и август, кога ги закопуваа умрените на плажите и во масовните гробници во Амазонија?

29 ноември 2020
******************************

 

30 ноември 2020 - 10:17