Мали приземни разговори

Повод: Елон Маск создаде историја на човештвото (тука).

Читателот Сашко:

Илон Маск не создаде историја туку ги измами луѓето. Снимаше од студио. Одете на 41.55 од преносот во живо ќе видите дека се изгуби сликата и се појави студиото.

****

Уредникот имењак:

Аман бе друже, толкава измама за да кикснат на четириесет прва минута и пеесет и пет секунди??? Па ваљда претходно била снимена „измамата“, па имале време да измонтираат.

****

Читателот Сашко:

Ок, имате очи, имате мозок, стримот беше во живо се појави студио. Во што сакате верувајте.

****

Уредникот имењак:

Олрајт, јасно. А види па кај нас како испадна:

 

 

8 февруари 2018 - 13:13