Kаде се изгуби Глоријан?

Након свих ових година, не сме начисто дали повеќе ни е криво што никогаш не ги запознавме Ристе од Припор или пак што го запознавме а потоа го изгубивме Глоријан. За младите генерации, потсетување на неговиот епски и досега ненадминат музички хет -трик.

* ископано од личните архиви од стариот он.нет

Епизода 1:


Се вика Глоријан. Дошол, се претставил, рекол дека не го интересираат пари. Дека го интересира само слава. Песната ќе ја крстиме "O, Марија" . Ќе ѝ дадеме поднаслов: "Сузе ми цепају лице"!

Првиот пат едвај ќе издржите да ја дослушате. Ако успеете во тоа, ќе бидете тажни, малаксани. Потоа ќе ја свртите уште неколку пати и ќе почувствувате како песната ви се запекува во вашиот музички ДНК... На крај ќе ви кажам само уште една работа:
 
- Збогум Ристе од Припор, добредојде ГЛОРИЈАН!



п.с. По објавувањето на Глоријан на Он.нет, неколку угледни радио станици и музички студија ми пишаа дека Глоријан бил и кај нив, нудејќи им ги своите ремек дела.

И не сте го објавиле? Шејм он ју!

Туку, стигнаа неколку интересни реакции на првата песна на Глоријан.
- еден читател признава дека трипати му се примочало додека ја слушал песната (поради оние жуборења во позадина),
- друг педантно забележува дека во цела песна нема ниту едно "р" (освен во заводливиот рефрен) - најпрецизната рецензија гласи: 'песната е грозна, просто ти е непријатно да ја слушаш'.

Некои од вас тврдат дека Глоријан нема шанси со Ристе од Припор. Ок, дозволувам јас Ристе да ви се бендисува повеќе, ама не си дозволувајте вие да го браните Ристе од мене.

*************************************

Епизода 2:

Пред да го симнете второто ремек дело на Глоријан, најучтиво ве молам да се обидете сами да ги одрапувате следниве негови стихови:

Откога те видов јас/не мо - жам без тебе/ти си душо сеее/се што сакам јааас/и чувствувам!/дека си моја тииии/ко сонот нежен знааај/ти ме опиваааш....

Што, тешко, а? Нормално дека тешко! Затоа вие ќе останете јадни анонимуси а Глоријан ќе стане ѕвезда, култ и тотем на македонската музичка сцена!

************************************

Епизода 3:

Да ги соберете
- Филип Глас,
- Френк Запа,
- Диаманда Галас и
- Кептен Бифхарт....
...на едно место, да ги накркате со ЛСД и КОМОВА и да им речете: "Ај сега правете песна!" - нема да дојдeте до вакво музичко решение.

Ако претходните две песни на Глоријан можеа да се третираат како - ајде да речеме - забавни, оваа последнава е ЧИСТА ПСИХОДЕЛИЈА!


************************************

Фото бонус

Трендо го виде Глоријан

Конечно, го запознав! Она што не ми успеаа со Ристе од Припор ми успеа со Глоријан. Конечно имав чест да стојам лице в лице со "man behind the сузе ми цепају лице"!

Дојде самоиницијативно да ми донесе тазе песни, си пруживме рака (јас едвај се воздржав да не му се фрлам во прегратка), рече дека откако успеал да се победи и себеси (?) се чувствува "како лав кој оди по својот пат" (ова малку ме збуни па успеав само да му нафрлам дека е тоа "баш фино)".

Песните допрва ќе ги преслушам па ќе ги мезиме заедно. Инаку, тој имал уште 500 (со зборови: петстотини!) песни ама не му биле скроз готови. Му предложив оваа ретка прилика да ја искористиме и за сликање што тој веднаш го прифати. Дури посака и да се слика седнат на тенката ограда (5-ти спрат!) на што ми се заврти во глава додека си рекол "О Марија" па приземно го одбив предлогот.

Да не должам. Драги мои, Глоријан, во пози кои самиот ги одбра:



п.с. независно од оваа историска средба, денеска разбрав дека во Скопје постои дечко (пазете, музички образуван на академско ниво во странство!), кој сосема сериозно се занимава со - погодете што! - преработки на песните на Глоријан!!! Па, ви се верува ли???

15 март 2016 - 13:18