Два победнички изборни спота

Не дека ние сите изборни спотови кои се во оптек сме ги изгледале, па сега правиме озбилна ранг листа, ама овие два ни влегоа во радар во фотофиниш и сакаме да ги видите. Едниот е несфатливо глуп, другиот е сфатливо невозможен.

Шанац и Максо да го правеле спотот за нивниот кумановски противкандидат од „најдоброто за“, немаше вака да му наудат на дечкото. Како прво, тој ни нарачката не ја погоди (имаше нарачка за пет кафиња, овој им фукна четири; доста им се) но дури потоа следи заминување на спотот во непознат правец. Луѓе бе, што е финтата?

За среќа, за да не останеме снеможени од претераната реалност на горниот спот, се погрижија футуристите од Интегра. На најјаки дроги да се ставиме, не би можеле вака да пошандрцаме. Едвај чекаме да видиме како би изгледал „дрес ту импрес“ влезот во Валандово.

 

 

15 октомври 2021 - 11:10