160 години т'пи и упорити

Значи има-нема, минимум 160 години Македонците им ги кажуваат и повторуваат истиве работи на Бугарите. Цели 31 година ПРЕД Јосип Броз Тито воопшто да биде роден, и цели 58 години ПРЕД да биде формирана Коминтерната. Вистинското прашање е уште колку пати по 160 години треба да поминат за Бугарите конечно да престанат со своето наци-шовинистичко лудило кон Македонија и Македонците?

Пред точно 150 години, на 18 јануари 1871 г. (иако оригинално е по стар стил) Бугаринот и истакнат русофил, Петко Рачев Славејков во неговиот пропагандистички бугарски весник „Македонија“ издаван во тогашен Цариград (Истанбул) ја објавува неговата статија со наслов „Македонското прашање“.

(П. Р. Славейковъ, „Македонскый-тъ Въпросъ“, в. Македонiя год. V, бр. 3, Цареградъ, 18/01/1871 г., стр. 2-3.)

Во статијата Славејков од големобугарски позиции се обидува да нè омаловажи, исмее и исплука нас Македонците користејќи се со безобразна, но често траги-комична пропаганда (многу пати наместо Македонци употребувајќи го терминот „македонисти“, со погрдна конотација), и со тоа претставува своевиден прототип за денешниве бугарски национал-шовинистички испади кон Македонија и Македонците.

Содржината на статијата, во која Славејков повеќе пати буквално цитира што нему и на другите Бугари уште пред век и половина им говореле Македонците, всушност претставува тестаментален документ со кој не само што се потврдува посебноста на Македонците од Бугарите, туку и во срж се разбиваат сите подоцнежни бугарски небулози, од типот „Македонците ги создаде Тито во 1944 г.“ или „Македонците ги создаде Коминтерната во 1934 г.“

Имено, Славејков вели, цитирам:

„Многу пати сме чуле од Македонистите, дека тие не биле Бугари ами Македонци, потомци на древните Македонци“

Подолу вели, цитирам:

„Сме слушнале и друга основа. Некои македонисти се делат од Бугарите по друга причина, по тоа дека тие се чисти Словени, а Бугарите се Татари и не знам што.“

И за јазиците македонски и бугарски, Славејков во статијата признал што велеле Македонците. Цитирам:

„Македонистите укажуваат на разликата помеѓу македонското и горнобугарското наречје, од кои првото било поблизу до словенскиот јазик, а второто било измешано со татаризми и др.“

На друго место во статијата Славејков признава дека и самиот бугарски народ не е устроен-конструиран во тоа време, а камоли Македонците да се дел од него, та ги обвинува за сепаратизам изразен преку јазичната посебност. Цитирам:

„кога во раздробувањето влегуваат и други цели, цели за раскинување на нашиот уште неустроен народ, тогаш секој има должност да се противи на такво зло. Таква цел се гледа дека имаат некои од нашите македонски браќа и таа цел ја кријат тие под превезот на јазикот и неговите наречја, затоа и си дозволуваме ние да кажеме нешто за македонското прашање.“

Кутриот Славејков дури морал да признае и дека, во контекст на времето во кое е создадена статијата, Македонците велеле, цитирам:

„се откинавме од Грците, сега под други ли да паднеме?“

Како што гледате сума-сумарум цел век и половина ние Македонците им ги кажуваме буквално истите или слични работи на Бугарите, и век и половина Бугарите упорно глумат лудило и продолжуваат со својот гротескен наци-шовинизам, негирање и присвојување на се' македонско. Илити, ако сакаме да бидеме сосема прецизни, мора повторно да го цитираме Славејков, којшто на почетокот на статијата самиот признава дека, цитирам:

„Најпосле македонското прашање излезе најаве и се покажа во печатот. Ние велиме најпосле, зашто тоа прашање не е нова работа. Ние сме го слушале уште пред десетина години од некои од Македонија. Најпрво ги сфативме зборовите на тие млади патриоти како на шега и закана во горештината на нашите не толку сериозни препирки. Така и мислевме ние до пред една две години, кога нови разговори со некои Македонци ни покажаа дека работата не се само голи зборови, ами мисла што мнозина сакаат да ја спроведат во животот.“

Значи има-нема, минимум 160 години Македонците им ги кажуваат и повторуваат истиве работи на Бугарите. 1861 г. е цели 31 година ПРЕД Јосип Броз Тито воопшто да биде роден, и цели 58 години ПРЕД да биде формирана Коминтерната!

Самопризнанијата на П. Р. Славејков уште долго ќе ги печат Бугарите, туку вистинското прашање е уште колку пати по 160 години треба да поминат за Бугарите конечно да престанат со своето наци-шовинистичко лудило кон Македонија и Македонците?

Целата статија, исечоци од цитатите и фотографија од Славејков, кај Гоце Панговски

21 јануари 2021 - 10:40